
Таравари за тоа чија е АА: Тоа сигурно ќе го докаже Судот
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари потпиша склучување соработка, иако во АА работите сѐ уште не се средени до крај, бидејќи двете страни, како оние кои го поддржуваат Таравари, така и оние кои го поддржуваат Села, тврдат дека се Алијанса за Албанците.
Таравари смета дека ова прашање ќе го реши Судот.
„Утре организираат Конгрес, но сепак со целосна одговорност велам дека тоа сигурно ќе го докаже Судот, мнозинството го имаме и во Собранието, и во раководството на партијата. И на Конгресот имавме кворум за негово одржување. Така што, не сакам да се одолжува оваа тема понатаму. Сега актуелна тема ќе биде политичката битка меѓу здружената албанска опозиција и партиите кои ќе ѝ се приклучат на ДУИ“, рече Таравари.

