Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Во здравството ќе има вкупно 1.800 вработувања, а потребата за нови договорци е неизбежна
Македонија

Таравари: Во здравството ќе има вкупно 1.800 вработувања, а потребата за нови договорци е неизбежна

14/02/2025

AA

Дваесетте јавни здравствени установи кои веќе имаат завршено нови систематизации, можат веднаш да започнат со вработување на првите 300 специјализанти, соопшти денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Специјализантите, најмногу гинеколози и кардиолози, се дел од првата група која е планирана да биде вработена во склоп на новите реформски мерки за подобрување на здравствениот систем.

Таравари, кој денеска ја посети реновираниот педијатриски пункт на поликлиниката Бит Пазар, истакна дека само во скопските јавни здравствени установи ќе бидат вработени околу 30 специјализанти гинеколози. Во одговор на новинарските прашања, министерот соопшти дека продолжуваат вработувањата во здравството, а планирани се дополнителни 1.180 вработувања на средномедицински персонал и 300 специјализанти во текот на годината.

„Во здравството ќе има вкупно 1.800 вработувања, а потребата за нови договорци е неизбежна, особено за средномедицинскиот кадар кој значително недостасува“, додаде Таравари.

Министерот објасни дека на 30 декември успешно завршиле сите процедури за вработување на приватните специјализанти, во соработка со Министерствата за здравство и за финансии. Иако овој план не бил предвиден во претходните систематизации на јавните здравствени установи, 20 од 108 установи веќе се подготвени да ги вработат првите специјализанти.

„На пример, Здравствениот дом има потреба од седум или десет лекари кои не беа предвидени во првичните систематизации. Со новите систематизации, вработувањата ќе продолжат и останатите установи ќе бидат подготвени да го следат ова“, заклучи Таравари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy