
Таравари: Алијанса на Албанците не е ничија сопственост, промена ќе се случи!
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва од Гостивар му порача на Зијадин Села дека партијата не е ничија сопственост и дека АА оди во опозиција.
„Промените мора да дојадат во албанскиот блок после 24 години. Ние како партија, никој друг како партија нема заслуга да ја направи таа промена, бидејќи најголем дел од нашето постоење сме опозиција и на 8 мај сигурно дека промената ќе се случи и нема кој да ја запре. Платформа се уште немаме со опозициските партии, зашто оваа недела јас сакав да го слушнам и народот што ќе одлучи. Затоа бев во три – четири града, има позитивна атмосфера, гледате сите се насмеани . Следната недела ќе седнам со лидерите на опозициските партии за да направиме некаква платформа. Повеќето членови од Централното претседателство се на моја страна, таму сме 60:40 , а меѓу народот сме 90: 10. Ова е ураган , не запари веќе , ова е дух што е створен. Ако Алијанса за Албанците е нечија сопственост нека излезе некој, партијата е на гласачите, на членството…Ако некој мисли дека партијата е негова сопственост , нема проблем ќе му ја однесеме дома“ , порача Таравари од Гостивар.