
Таравари: Албанците се најлојални граѓани во Македонија, ние можеме да ја стабилизираме или дестабилизираме државата
Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, вечерва беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој во емисијата кажа дека Албанците се најлојални граѓани во Македонија, и дека може да ја стабилизираат, но исто така и да ја дестабилизираат државата.
„Албанците секогаш работеле во интерес на државата, многу пати до сега од 1991 година па наваму ставени се нивните интереси на страна, само државата да оди напред“, рече Таравари.
