Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таму каде што еден живот завршува, може да почне друг – докторите испратија силна порака
Македонија

Таму каде што еден живот завршува, може да почне друг – докторите испратија силна порака

07/05/2026

AA

Дарувањето органи претставува највисок чин на човечност и може да значи нова шанса за живот за многу пациенти. Ова е пораката што ја испратија лекарите во рамки на кампањата за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

Медицинските лица кои директно учествуваат во процесот на трансплантација апелираат дека преку дарување органи може да се спасат повеќе животи и да им се помогне на луѓето кои се борат со тешки заболувања.

Директорот на Клиниката за урологија, д-р Башким Шабани, истакна дека голем број пациенти секојдневно живеат во неизвесност поради недостиг на донори.

„Еден донор може да спаси неколку животи. Тоа е чин на солидарност, хуманост и љубов кон животот. Таму каде што еден живот завршува, може да започне друг“, порача Шабани.

Тој нагласи дека разговорот во семејството за оваа тема и информирањето за можностите за дарување органи се клучни чекори за зголемување на свеста во општеството.

Министерот за здравство Азир Алиу оцени дека токму пораките од лекарите, кои секојдневно се соочуваат со пациенти што чекаат трансплантација, се најсилниот повик за поголема солидарност.

„Органодарителството е длабока човечка одлука со која надежта продолжува да живее. Наша обврска е да го развиваме системот, да ја зголемуваме довербата и да создадеме култура во која дарувањето органи ќе се препознае како врвен чин на емпатија и почит кон животот“, изјави Алиу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

13/08/2026

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) излезе со официјална реакција по повод неодамнешната изјава на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy