
Тамара Тодевска сподели информација за здравствената состојба на Панчо од ДНК!
Познатата пејачка Тамара Тодевска на својот Инстаграм профил одговараше на прашања од своите фанови, при што еден од нив праша за тоа дали има информации околу здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо.
Тамара која е блиска пријателка со Панчо од групата ДНК, и со кои има снимено повеќе дуетски песни, порача дека тој е подобар.
“Панчо е фала му на Бога подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”, одговори Тамара, споделувајќи фотографија од нивен заеднички настап.

