Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска: Денеска, камбаните одѕвонуваат на македонски јазик и за македонскиот јазик, не само тука, туку секаде!
Македонија

Сиљановска: Денеска, камбаните одѕвонуваат на македонски јазик и за македонскиот јазик, не само тука, туку секаде!

05/05/2025

AA

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова денеска упати моќна порака по повод Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.

„Денеска, на 5 Мај, праќаме важни пораки за македонскиот јазик до сите Македонци, каде и да се, до познавачите и до почитувачите на македонскиот јазик, до идните поколенија Македонци.  

Денеска, камбаните одѕвонуваат на македонски јазик и за македонскиот јазик, не само тука, во татковината, туку секаде каде што се оние со кои ист јазик зборуваме и на ист јазик се разбираме ние, Македонците.  

Денес, сите говорители, вљубеници, јазикољупци, почитувачи, проучувачи, посветеници на големиот, убавиот, милозвучниот македонски јазик беседат за него и на него.  

Пораки за македонскиот јазик ќе праќаат и по мене и по нас, оти додека нè има, ќе го има и него: јазикот наш насушен.

Без македонскиот јазик не ќе можевме да испраќаме пораки на македонски, ниту да бидеме негови мисионери.  

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него. Ние сме оние што во него се препознаваме, со него се идентификуваме, по него се разликуваме од другите.

Нам, македонскиот јазик ни е духовна храна, важна и потребна колку и мајчиното млеко, тој ни е идентитетско сонце, татковина од искона. Македонскиот јазик е река што извира од европски извор и се влева во морето на европската и во океанот на светската цивилизација. 

Близнак со народниот дух, македонскиот јазик битисувал во лошо и во добро низ вековите, зреел со македонскиот народ, растел и се збогатувал со новите зборови што никнувале за да ја изразат народната болка и радост, се калел и калемел во содејство со блиските јазици, плачел, шепотел, пеел, играл, им пркосел на оспорувањата и негирањата, опстојувал.

Чест ни е што сме потомци на епохалните мисионери, Светите Кирил и Методиј,  личности – филозофи кои ни ја дариле светлината на словото, писменоста, уката и културата, позлатувајќи нè со азбука, писмо и писменост не само нас, туку  и сиот словенски свет.

Премудриот Константин Филозоф во мугрите на сесловенската и македонска писменост, пред светската историја на совеста, гласно запраша: „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем  не дишеме воздух сите еднакво?“

Нè огреа и не просвети учителскиот блесок и нас, на Светите Кирил и Методиј, кои со верните и посветени ученици, Светите Климент и Наум го просветлија  словенскиот и македонскиот свет со писмо, образование и наука. Мракот беше победен од  светлината, незнаењето беше поразено од знаењето со помош на словенските јазици, меѓу кои и македонскиот, словенските народи, а меѓу нив и македонскиот се описменуваа.    

Грандиозната дејност на Охридскиот книжевен центар на Свети Климент Охридски, поддржан од Свети Наум е монументален чин и чекор во описменувањето, што снажно ја поткрепи и поттикна мислата, овозможувајќи ѝ јазично да се изрази.

Во прашање е „моќно придвижување“, според Блаже Конески, со што се трасираше и се отвори патот за епопејата на македонскиот јазик којшто храбро тргна напред, најпрво како прасловенски јазик, старословенски јазик ‒ првиот книжевен јазик на сите Словени, создаден врз основа на говорот на македонските Словени од околината на Солун.  

Јазичната еволуција се одвива од глаголицата, преку старословенската кирилица, кон современата македонска кирилична азбука.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46649
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Патриотизмот не се докажува со

07/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и на СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy