Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа се човечки судбини
Македонија

Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа се човечки судбини

25/02/2026

AA

Државата постои за да застане на страната на работниците и да ги одбрани нивните права и потреби тогаш кога нема разбирање од работодавачите, минималната плата е цивилизациски минимум, не е луксуз, не е идеологија, туку заштита од сиромаштија и експлоатација, нагласи пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница на која на дневен ред е предлог-законот на СДСМ и коалицијата за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра. Талески во образложението истакна дека владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ покажува незаинтересираност за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

„Денеска не разговараме за бројки. Не разговараме за бројки, за економски формули, како што сакаше премиерот Мицкоски, пред македонската јавност да ни објаснува. Денес разговараме за лични судбини, за цели семејства кои се борат со тешкотиите да врзат крај со крај, како да ги прехранат своите семејства и да се изборат со се повисоките цени. Денес разговараме за тоа дали трудот во оваа држава или преживува. Минамалната плата не е статистика – тоа е фрижидерот на едно семејство. Тоа е прашањето дали ќе можат на сопствените деца да им купат патики, да им купат чевли на први септември. Дали човек што работи осум часа ќе живее достоинствено или ќе позајмува на 20-ти во месецот за да може да го истурка месецот“, рече Талески.

Тој додаде дека прашањето за 600 евра минимална плата е морално прашање, и  во услови кога трошоците за живот континуирано растат, власта не треба да одбива да ја покачи минималната плата и да  манипулира со оправдувања дека така ќе се уништи економијата, туку треба да ги заштити работниците.

„Покачувањето ќе ја уништело економијата, фирмите ќе пропаднеле, работниците ќе останеле без работа. Истото се  зборуваше за 12.000, 14.500, 18.000, 20.000 денари, но  ниту една од овие катастрофи не се случи. Зошто? Затоа што државата не ги остави фирмите сами. 130 илјади работници, субвенционирани придонеси, 48 милион евра поддршка. Ова не е класична социјална политика, туку партнерство помеѓу државата, работниците и стопанството. Изборот не е минимална плата или економија. Изборот е дали економијата ќе постои за луѓето или луѓето ќе постојат за економијата. Државата во која човек е вработен, а сепак е сиромашен, не е пазарна економија. Тоа е евтина работна сила“, рече Талески.

Во обраќањето Талески ја обвини владата дека на работниците не гледа како на капитал, туку како на најголем трошок.

„Покачувањето на минималната плата значи инвестиција во нашиот најголем капитал ,инвестиците во работниците, се инвестиција во економијата, затоа што нема економија без задоволен работник. На работниците треба да гледаме како на партнери. Затоа е важно да го слушнеме нивниот глас, и да имаме сериозен пристап за нивните барања да се слушнат, а не да бараме сценарија за да ги политизираме процесите. Тука нема политика, почитувани колеги. Тука има само потреба едно семејство да преживее месец“, рече Талески.

Тој ги повика сите пратеници, да ја тргнат политиката на страна, да ги стават интересите на работниците  во прв план ставете и сите да  гласаат за 600 евра минимална плата и за  подобар економски стандард.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн, но најчесто трошат на облека

25/02/2026
Македонија

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата

25/02/2026
Македонија

Семејно насилство во Гостивар: Маж ја истепал сопругата

25/02/2026
Македонија

Утре протест во Крива Паланка за проблемот со кравите!

25/02/2026
Македонија

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес

25/02/2026
Македонија

Пијани татко и син физички се пресметале во семејниот дом

25/02/2026
Македонија

ГО СНИМИЛ ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, МИСЛЕЛ ДЕКА Е

25/02/2026
Македонија

Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41931
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн, но најчесто трошат на облека

25/02/2026

Онлајн купувањето во Македонија продолжува да расте, но навиките на граѓаните покажуваат јасна концентрација во неколку категории производи и услуги.

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата „Нет без хејт“ ќе ги

25/02/2026

Иницијативата #NetWithoutHate – Нет без хејт, која е започната пред две години, е дел од пошироката и долгогодишна соработка меѓу УНИЦЕФ и

Семејно насилство во Гостивар: Маж ја истепал сопругата

25/02/2026

На 25.02.2026 во 02:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.М.(52) од Гостивар, постапувајќи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy