Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн, но најчесто трошат на облека
Македонија

Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн, но најчесто трошат на облека

25/02/2026

AA

Онлајн купувањето во Македонија продолжува да расте, но навиките на граѓаните покажуваат јасна концентрација во неколку категории производи и услуги. Најновите податоци укажуваат дека дигиталната трговија сѐ повеќе станува дел од секојдневието, иако земјата сѐ уште заостанува зад европскиот просек.

Според Прегледот на е-трговијата на Западен Балкан за 2025 година, изработен од Здружението за е-трговија врз основа на податоци од Eurostat за 2024 година, 63,2% од интернет-корисниците во Македонија купуваат преку интернет. Со тоа, земјата се позиционира подобро од повеќето соседи во регионот, со исклучок на Србија, каде што 65% од корисниците пазаруваат онлајн. Сепак, бројките остануваат под европскиот просек од 76,6%.

Анализата покажува дека онлајн купувањето во Македонија е доминантно фокусирано на модната индустрија. Дури 73,9% од онлајн купувачите нарачуваат облека, обувки и модни додатоци, што ја прави оваа категорија убедливо најпопуларна и над европскиот просек.

За разлика од модата, останатите категории бележат значително пониска застапеност. Спортска опрема купиле 25,3% од онлајн купувачите, 21,8% набавиле козметика и производи за убавина или велнес, додека мебел купиле 12,4%. Техничките уреди и додатоци ги нарачале 11,4% од корисниците, а 9,1% купиле детски играчки и производи за нега на деца.

Особено ниска е онлајн продажбата на средства за чистење и лична хигиена (7,9%), лекови и додатоци во исхраната (7,7%), како и храна и пијалоци (7,6%). Најмал интерес има за електроника и апарати за домаќинство, каде што само 2,3% од купувачите направиле онлајн нарачки.

Во делот на услугите, податоците покажуваат поинаква слика. Дури 44,1% од онлајн купувачите плаќаат интернет или мобилни услуги преку интернет — речиси двојно повеќе од европскиот просек од 22,4%. Комунални услуги онлајн плаќаат 33,7% од корисниците, што исто така го надминува европскиот просек од 13,2%. Резервации за превоз прават 18,3%, а 15,5% резервираат хотели преку интернет. Платената дигитална содржина, пак, останува минимално застапена, со само 1,4% корисници кои плаќаат претплати за стриминг на музика.

Податоците укажуваат дека дигиталната трансформација во земјата напредува, но навиките на потрошувачите и понатаму се концентрирани во неколку доминантни сегменти, со простор за проширување на онлајн пазарувањето во други категории.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
Македонија

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа по испорачаните средства за пензиите,

07/10/2026

Македонија е лидер меѓу земјите од регионот според реализацијата на Реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Според него,

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје го затвори пост-мониторингот, Софија има

07/10/2026

Бугарија мора да ги исполнува обврските што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА Дефицитот останува ист, се приспособуваат

07/10/2026

Владата соопшт дека денеска го усвоила Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, со кој приходите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy