Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Талентираниот Шошкиќ ќе го пополни местото на Димитријевиќ на турнирот во Талин!
Спорт

Талентираниот Шошкиќ ќе го пополни местото на Димитријевиќ на турнирот во Талин!

09/08/2023

AA

Селекторот на македонската репрезентација, Александар Јончевски, по вечерашниот тренинг ги одбра кошаркарите со кои ќе проба да ги мине претквалификациите за пласман на ЛОИ 2024 во Париз, потврдувајќи дека во тимот ќе го нема Ненад Димитријевиќ поради повреда.

Популарниот Нено на ден пред патувањето се пожалил на болка во тетивата, повреда која не е сериозна, но поради која морал да одмара. Ова ќе биде петти дуел на жолто-црвените без играчот кој би требало да биде лидер и носител на играта, откако ги пропушти претходните четири од претквалификациите за ЕП 2025. Димитријевиќ вакви отсуства имаше и во минатото, а пред две години одби да биде дел од репрезентацијата, по што беше јавно критикуван од раководството на КФМ.

„Димитријевиќ нема да патува со нас бидејќи се пожали на болка во тетивата. Од лекарскиот тим ме информираа дека станува збор за истегнување, повреда која не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас“, потврди селекторот.

Јончевски местото на Димитријевиќ во ростерот од 12 кошаркари кои патуваат за Талин, каде што од 12 до 15 август ќе играме против Израел, Чешка и Израел, го пополни со големиот талент, Андреј Шошкиќ. Покрај него, во тимот ќе бидат: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy