
ТАГА ВО АНГЛИЈА: Момчиња починаа откако биле избодени со нож
Две момчиња, на возраст од 15 и 16 години, загинаа откако беа избодени со нож во јужен Бристол, Англија.
Во саботата околу 23.20 часот биле нападнати од група луѓе кои избегале од местото на настанот со автомобил, соопшти полицијата на Авон и Сомерсет.
Уапсени се 44-годишник и 15-годишник
Полицајците пристигнале неколку минути по повикот и им пружиле помош на момчињата на местото на настанот, но и двајцата починале во болница утрово.
Уапсени се 44-годишен и 15-годишен маж, кои се во притвор. Одземено е и едно возило.
