Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати
Македонија

Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати

07/08/2023

AA

Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот падна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели.

Покрај убиените во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 лица загинаа во Пекинг и Хебеј. Властите сè уште не го објавија вкупниот број на загинати низ целата земја.

Почина и заменик-градоначалникот на градот со 587.000 жители

Меѓу оние кои ги загубија животите во Шулан има и тројца службеници, меѓу кои и заменик-градоначалникот на градот со околу 587.000 жители, објавија државните медиуми.

Нивото на водата во градот се спушти на безбедно ниво и преземени се итни интервенции за преселување на жителите и поправка на инфраструктурата. Електричната енергија беше вратена во повеќе од 14.000 домови, објавија државните медиуми.

Нивото на водата на „опасно високи нивоа“

Регионалните власти соопштија дека делови од реката Сонгхуа, главна река во североисточна Кина, и притоката на Ненџијанг останале на опасно високи нивоа.

Исто така, вратена е струја во многу поплавени подрачја во Пекинг и во провинцијата Хебеј. Во тек се напори за обновување на струјата во североисточните провинции Џилин, Хејлонгџијанг и Лиаонинг, објави државната телевизија CCTV.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА НЕМА МИЛОСТ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ Приведени 10 возачи низ државата,

01/03/2026
Македонија

Пожар проголта дел од дом во Волково, граѓаните бараат помош

01/03/2026
Македонија

Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка,

01/03/2026
Македонија

УАПСЕН МАЛОЛЕТНИК ЗА ОБЉУБА ВО ДЕЛЧЕВО Средба на 17-годишна девојка

01/03/2026
Македонија

Хоџа: Поддршка за локалните земјоделци за поголема доверба во домашното

01/03/2026
Македонија

Приведен малолетник во делчевско по пријава за обљуба врз 17-годишно

01/03/2026
Македонија

Млад скопјанец тешко повреден откако со мотор удрил во куче!

01/03/2026
Македонија

СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42098
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy