Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИЦИЈАТА НЕМА МИЛОСТ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ Приведени 10 возачи низ државата, биле пијани и без дозволи
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА НЕМА МИЛОСТ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ Приведени 10 возачи низ државата, биле пијани и без дозволи

01/03/2026

AA

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден низ државата поради тешки сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со изречена забрана за управување.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пет лица биле приведени затоа што управувале возило под дејство на алкохол. Тие биле откриени на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје.

Дополнително, четири возачи се санкционирани бидејќи управувале возило без возачка дозвола. Овие случаи се регистрирани во тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.

Уште еден возач бил лишен од слобода во Скопје поради тоа што управувал возило и покрај изречена забрана за управување со возило од Б категорија.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без возачка дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување: Фирма и управител го оштетиле

27/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44682
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026

Променливо облачно наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со

Кривична пријава за даночно затајување: Фирма и управител го оштетиле буџетот за 3,8 милиони денари

27/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик и управител на правно лице, како и против самата компанија, поради

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026

Состојбата со епидемијата во Гостивар покажува знаци на стабилизација, откако по достигнатиот пик во средината на јули бројот на пациенти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy