Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЗО: Еден од шест луѓе е погоден од неплодност
Македонија

СЗО: Еден од шест луѓе е погоден од неплодност

04/04/2023

AA

Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата, покажуваат податоците од извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).

Речиси 17,8 отсто од возрасните во земјите со високи приходи се погодени од неплодност, додека во земјите со низок и среден приход, 16,5 отсто од жителите страдаат од овој проблем.

Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, процентот на луѓе погодени од овој проблем ја покажува потребата да се прошири пристапот до грижа за репродуктивното здравје и да се осигура дека проблемот повеќе нема да биде изоставен од здравствените истражувања и политики.

Светската здравствена организација ја дефинира неплодноста како болест на репродуктивниот систем кај мажите и жените, која се карактеризира со неуспех да се постигне бременост по 12 месеци или повеќе од редовен незаштитен однос.

„Ова може да доведе до значителна вознемиреност, стигма и финансиски тешкотии, кои ќе влијаат на менталната и психосоцијалната благосостојба“, наведува СЗО.

Превенцијата, дијагнозата и третманот на неплодност остануваат недоволно финансирани и недостапни поради високите трошоци, социјалната стигма и ограничениот пристап, се наведува во извештајот.

СЗО ги донесе заклучоците врз основа на избор и анализа на 133 студии од вкупно околу 12.000 студии ширум светот во периодот 1990-2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy