Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светската филмска елита уживаше во врвните вина на „Тиквеш“
Македонија

Светската филмска елита уживаше во врвните вина на „Тиквеш“

25/09/2023

AA

Оскаровецот Питер Бижу, добитник на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, заедно со Шејмус Мекгарви, добитник на „Специјалната златна камера 300 за особен придонес во кинематографијата“, уживаа во врвните македонски вина на Винарска визба „Тиквеш“ во Кавадарци.

Искусниот тим од „Тиквеш“ ги водеше низ автентичните вински вкусови преку дегустација на вината „Temjanika Luda Mara“, „Domaine Lepovo Chardonnay“, „Babuna Red“ и „Terrasse а l’Ombre“. Секако, искуството немаше да биде целосно доколку гостите не пробаа жолта ракија VS.

Дел од ова уникатното винско искуство во „Тиквеш“ беа и Стефан Персон, член на кинематографскиот тим на една од најгледаните серии минатата година – „Wednesday“ , Дарија Д’Антонио, претседателка на главното жири на фестивалот, Лоренс Шер, кинематограф на познати холивудски блокбастери, меѓу кои и добитникот на Оскар, филмот „Џокер“, Жан Мари Дружу, претседател на француската асоцијација на кинематографи, Бојана Андриќ, потпретседателка на српското друштво за кинематографија, актерката Кети Краули, Вика Сафригина, амбасадорка на фестивалот, како и Симеон Мони Дамевски, актер и директор на фестивалот, заедно со македонската режисерка Теона Митевска.

Гостите се запознаа со долгата и богата винска историја на регионот и на винарската визба „Тиквеш“, а накусо имаа можност да видат и дел од магијата на создавање на врвно вино.

Питер Бижу е еден од најпознатите кинематографи во светската филмска индустрија. Работел на повеќе филмски остварувања од кои дел имаат значајна улога во развојот на уметноста и суптилниот сатиричен израз, како на пример „Монти Пајтон – животот на Брајан“, „Пинк Флојд – Ѕидот“, „Ричард Трети“, „Шоуто на Труман“ и многу други. Шејмус Мекгарви, покрај многубројните филмски и телевизиски дела и две номинации за Оскар, работи на кинематографијата на култната серија „Black Mirror“, која создаде нов поглед за влијанието на брзиот технолошки развој и вештачката интелигенција врз луѓето.

Винарската визба „Тиквеш“ традиционално го подржува Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, обидувајќи се на овој начин да даде придонес кон градењето на македонската современа култура.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy