Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Свети Кирил и Методиј“ во Oпштина Центар е најстарото училиште во Македонија
Македонија

„Свети Кирил и Методиј“ во Oпштина Центар е најстарото училиште во Македонија

24/05/2023

AA

Формирањето на првото основно училиште во Македонија претставува значаен настан во културната историја за народот. Точно 184 години постои најстарото училиште во земјава, кое било изградено во Скопје. Станува збор за училиштето „Свети Кирил и Методиј“ во Oпштина Центар.

Школото е формирано во далечната 1836 година. Формирањето на ова школо го означува макотрпното опстојување на македонскиот народ во борбата за одгледување и зачувување на својата самостојност и за развојот на сопствена македонска писменост и култура, пишува на интернет-страницата на скопското училиште.

Во 30-тите години на 19 век во дворот на тогашната новоизградена црква „Св. Богородица“ било отворено првото училиште во Скопје, кое било ќелијно. Прв и главен учител бил Павле Хорват, хиландарски монах од дебарскиот манастир. Со отворањето на училиштето првпат децата на скопјаните можеле да учат на својот мајчин македонски јазик. Започнала борбата на Македонија против ширењето на грчкиот јазик и просвета.

Училиштето го добило името на светите солунски браќа на 11 мај 1858 г. кога е одржана првата прослава во нивна чест. Во 1848 година по покана на градските прваци во Скопје доаѓа познатиот преродбеник и просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Тој го отвора првото световно училиште со настава на македонски јазик. Неговото доаѓање означува пресвртница за просветно-културниот и националниот живот во Скопје. Тој ги разделил учениците по одделенија, вовел клупи и современи наставни средства (заемни таблици, песочница, географска карта, глобус и др.)

Првата училишна зграда била во употреба сѐ до 1903 година, кога на истото место била изградена нова во која ќе се изведува настава сѐ до катастрофалниот земјотрес во 1963 година. По ослободувањето на Скопје, на 13 ноември 1944 година, училиштето продолжило со работа. 475 ученици првпат ја следеле наставата на македонски литературен јазик. Следната 1945/46 година основан е пионерскиот одред „Христијан Тодоровски-Карпош“, а почнува да работи и училишната кујна.

Во учебната 1948/49 година кон ОУ„ Св. Кирил и Методиј“ се присоединува ОУ „Рајко Жинзифов“. На 24 јули 1962 година кон ОУ „Св. Кирил и Методиј“ било присоединето и „Цветан Димов“. Бројот на учениците се зголемил на 1.300, распоредени во 37 паралелки од прво до осмо одделение. На 26 јули 1963 година се случува катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој коренито изменил многу работи. Многу жители го напуштиле градот и се населиле во новите градски населби, што резултирало со намалување на бројот на учениците во следната 1964 година на 541.

На 28 декември 1964 година на местото на старата зграда урната во земјотресот почнува да работи новата со 24 училници во кои учеле само ученици од 5. до 8. одделение. Во 1970 година, поради целосно менување на урбанистичкиот план во овој дел на градот и изградба на Народната и универзитетска библиотека, урната е и фискултурната сала, проблем кој во 2019 година беше решен со изградба на спортска сала.

Во учебната 1973-74 година училиштето го менува своето име во Кирил и Методиј губејќи го зборот „свети“ за повторно да го врати на 19 мај 1993 година.

Третиот период од постоењето на училиштето се карактеризира со голем број промени во начинот на неговото функционирање. Со распадот на СФРЈ доаѓа и до промена на името, па така од 1993 година на свечената седница се пререгистрира во „Свети Кирил и Методиј“-Скопје. Во рамките на училиштето работи и училишната библиотека, формирана уште во времето на Џинот. Училиштето е опремено и со училишна кујна, во која се подготвуваат оброци за учениците од целодневна настава и ужини за учениците од предметната настава. Таа е формирана во 1970 година.

Училиштето доби спортска сала во 2019 година

Во средината на XX век, поточно во 1963 година, училишната зграда била разурната во земјотресот, но следната година, 1964 год., изградено е ново училиште од тврда градбa.

Денес училиштето е современо, а од 2013/2014 година е воведено и меѓународно образование. Денес училиштето има 455 ученици.

Извор: Факултети

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45796
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy