Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштво на придружниот вокал на ДНК: Задната врата беше заклучена, настана стампедо – сцената беше како хорор
Македонија

Сведоштво на придружниот вокал на ДНК: Задната врата беше заклучена, настана стампедо – сцената беше како хорор

25/02/2026

AA

Со емотивно и потресно сведочење пред Судот, Ана Костадовска, придружен вокал и соработник на групата ДНК, ја опиша драмата што се случувала ноќта на трагичниот настан во дискотеката во Кочани.

Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.

На прашање од обвинителството околу ангажманот, одбраната реагираше со приговор дека сведоците треба да одговараат само на прашања поврзани со кривичните дела, но Судот не го прифати приговорот.

Сведокот посочи дека за техничката поддршка бил задолжен Мартин Атанасов, додавајќи дека лично никогаш не видела кој ги поставува прскалките на сцената, иако тие со години се користеле без да предизвикаат проблеми.

„Стоеја до нас, прскаа и во опремата, но никогаш претходно немало инцидент“, изјави Костадовска.

Таа раскажа дека на 15 март во Кочани пристигнале со автомобил заедно со Андреја и Сара, додека Панчо пристигнал подоцна. Наместо класичен бекстејџ, изведувачите се подготвувале во импровизирана просторија одвоена од дискотеката, каде имало и импровизирано тоалет.

Концертот започнал околу 1:30 часот, а објектот бил преполн. За да стигнат до бината, изведувачите морале да се пробиваат низ публиката.

Според сведочењето, прскалките секогаш се активирале на истата песна, но овојпат ситуацијата брзо излегла од контрола.

„Почувствував топлина и кога погледнав нагоре – гореше“, рече таа.

Откако се симнала од бината, забележала врата и ги повикала останатите да излезат, но утврдиле дека е заклучена со катанец. Потоа се упатиле кон шанкот во обид да најдат излез, кога состојбата веќе ескалирала.

„Се слушаа пукања, пластиката почна да пука, беше многу жешко. Настана стампедо и не можевме да излеземе“, сведочеше Костадовска.

Таа и Сара биле заедно до делот кај тоалетите, но во метежот биле оттурнати и разделени. Костадовска паднала непосредно пред излезот, затрупана од луѓе.

„Имаше страшен мирис што те тераше да заспиеш. Се трудев да останам свесна. Еден дечко до мене не држеше будни сите. Ногата ми беше приклештена, имаше луѓе над мене. Сцената беше како хорор“, изјави таа.

Во еден момент почувствувале свеж воздух, што им дало надеж дека излезот е отворен. Со помош на непознато лице успеала да ја ослободи ногата и да излезе надвор.

„Не се сеќавам кој беше момчето што ми помогна, но ми го спаси животот“, рече Костадовска во сведочењето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Наунов пред судот: „Не бараме одмазда, туку правда за децата

25/02/2026
Македонија

ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК? Реакција

25/02/2026
Македонија

Прв пат откако функционира „Сејф сити“ ниту еден возач не

25/02/2026
Македонија

Доаѓа албанскиот претседател Бегај, ќе има посебен режим на сообраќај

25/02/2026
Македонија

Јавните обвинители се жалат: Одредени политичари имаат неодговорни изјави со

25/02/2026
Македонија

Горд на своето потекло: Лука Стоикос со ликот на Св.

25/02/2026
Македонија

ШИЛЕГОВ ГО ОБВИНИ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДЕКА ИМА ДВОЈНИ АРШИНИ Адвокатот

25/02/2026
Македонија

Сведоштво на придружниот вокал на ДНК: Задната врата беше заклучена,

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41913
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Наунов пред судот: „Не бараме одмазда, туку правда за децата кои загинаа поради системски пропуст“

25/02/2026

Пред Основниот суд, во пресрет на рочиштето за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, се обрати Александар Наунов, родител на

ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК? Реакција на ЗНАМ на соопштенијата на

25/02/2026

Кога министерот за правда Игор Филков бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку

Прв пат откако функционира „Сејф сити“ ниту еден возач не поминал на црвено!

25/02/2026

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy