Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштво на Македонка евакуирана од Израел: Бевме давеници, чекавме сламка за спас!
Македонија

Сведоштво на Македонка евакуирана од Израел: Бевме давеници, чекавме сламка за спас!

13/10/2023

AA

Велешанката Ѓурѓа Рушкова и нејзиниот син во средата беа евакуирани од Израел со лет до Атина. Тие беа дел од групата 50 верници од различни држави кои беа на аџилак во светата земја. Таа за МИА ја раскажува голготата низ која поминале со нејзиниот син за да се вратат дома, откако се случи конфликтот на Блискиот Исток.

Рушкова за МИА раскажува дека биле во неверување дека всушност се случува вистинска војна, и дека ништо не наговестувало дека ќе се случи такво нешто.

Вели дека во хотелот каде што биле сместени имало луѓе од многу националности, а по два дена чекање одлучиле сами со такси да го напуштат хотелот и да отидат на Аеродромот во Тел Авив. Ја контактирала и македонската амбасада, со која била во постојан контакт. Таа била евакуирана со авион од Тел Авив до Атина, потоа со автобус до Солун.

Таму ги земал македонскиот конзул кој со автомобил ги донел до македонската граница, каде ги чекале луѓе од МНР.

„Јас купив две авионски карти, за две различни дестинации да можеме само да излеземе од Ерусалим, летовите се откажуваа моментално… Имавме купено карти да одиме до Јордан , да летаме од Јордан, меѓутоа и тоа таму пропадна. Ги информирав во македонската амбасада и кажав јас и мојот син ќе бидеме на аеродромот во Тел Авив и ако нешто се јави да не контактираат….Додека бев на таа линија добив повик од македонската амбасада во Тел Авив и ме информираа дека има лет за Атина и дали ќе сакам да го прифатам тој лет. Јас се воодушевив, реков да, да…“, вели Ѓурѓа Рушкова

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy