Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштво на братот на загинатиот Андреј Панов: Во „Пулс“ имало еден излез, без противпожарна опрема
Македонија

Сведоштво на братот на загинатиот Андреј Панов: Во „Пулс“ имало еден излез, без противпожарна опрема

26/01/2026

AA

Кристијан Панов од Кочани, брат на загинатиот Андреј Панов, во своето сведоштво за трагедијата во дискотеката „Пулс“ изнесе сериозни тврдења за условите за работа, безбедноста и настаните кобната ноќ.

Тој изјави дека повремено работел хонорарно во дискотеката, за што добивал 1.500 денари по вечер, пари кои, како што рече, им биле исплаќани на крајот од работното време. Неговиот брат Андреј работел како шанкер и, според негово сознание, бил платен околу 2.000 денари дневно.

Панов тврди дека пиротехнички средства се користеле и пред 16 март, а неодамна, пред трагичниот настан, настапувал диџеј од Грција со танчерки кои користеле запаливи реквизити слични на факели. Во дискотеката, според него, имало само еден влез и излез, кој не бил јасно означен со светлосна сигнализација, а тој лично не забележал присуство на противпожарни апарати.

За време на настаните, како што изјави, обезбедувањето било постојано присутно и било составено од лица од Кочани, кои стоеле пред влезот, продавале билети и ставале печати на рацете на посетителите. Наведе дека билети продавал Тодор Јованов, кој, според неговите зборови, продавал и на малолетни лица. Во дискотеката, како што тврди, имало и малолетници, а полицијата повремено доаѓала.

Кристијан Панов опиша и што се случувало кобната ноќ. Тој пристигнал во дискотеката околу 02:20 часот, за роденденска прослава на негов пријател. По краток престој внатре, излегол надвор да запали цигара, кога забележал дека влегуваат полицајци. Неколку секунди подоцна, како што рече, настанал целосен хаос.

„По 30–40 секунди одеднаш сите почнаа да трчаат. Настана стампедо, луѓе врз луѓе, најмногу заглавени меѓу двете врати“, сведочеше Панов, додавајќи дека концертот на групата ДНК бил во тек и дека некој од бината повикал публиката да излезе надвор.

Во паниката, како што рече, повеќе лица се обидувале да помогнат, а и самиот тој влегол назад во објектот за да го бара брат му. Внатре, според неговото сведоштво, имало густ чад и многу тела без свест. Тој налетал на пожарникар, но немало доволно осветлување, па го користел мобилниот телефон.

„Го најдов брат ми на самиот праг. Имаше многу тела. Ги тргав за да стигнам до него“, изјави Панов.

Андреј Панов бил префрлен во болница, каде, според неговиот брат, биле направени обиди за реанимација, но безуспешно. „Останавме сами во просторијата, се обидував да го реанимирам, но веќе беше доцна“, сведочеше тој.

Панов наведе дека видел поединци како помагаат на повредените, но тврди дека во клучните моменти немало доволно организирана помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy