Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА ПОБАРА ДА СЕ ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА АКО ПРОДОЛЖИ НАРУШУВАЊЕТО НА РЕДОТ ВО СУДНИЦАТА Роднини на загинати ѝ рекоа на бранителката дека самата се препознала на постерот
Македонија

АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА ПОБАРА ДА СЕ ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА АКО ПРОДОЛЖИ НАРУШУВАЊЕТО НА РЕДОТ ВО СУДНИЦАТА Роднини на загинати ѝ рекоа на бранителката дека самата се препознала на постерот

26/01/2026

AA

Судијката Диана Груевска Илиевска пред почетокот на рочиштето ги предупреди родителите на загинатите кои да го почитуваат редот во судницата и да не дофрлаат, по јавните реакции меѓу нив и Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“.

Адвокатката Коцевска побара на следното нарушување на редот во судницата, јавноста да биде исклучена.

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во пожарот во „Пулс“ ѝ рече на адвокатата Коцевска, дека самата се препознала во ликот на постерот кој го носеа демонстрантите на Маршот за ангелите што се одржа во саботата во Кочани.

– Како прво, на постерот не се препознавате само вие, се препознаваат и други лица кои имаат физичка сличност со ликот, но никој не реагираше, ниту ја толкуваше пораката како напад. Единствено вие адвокатке Коцевска излеговте со тврдење дека сте биле лично засегната, а зошто? Ние семејствата, не ве ни спомнавме, ние не ве нападнавме. Ние, семејствата се бориме за вистината. Ние организираме марш, тивок, достинствен чин, за луѓе кои бараат правда. Не штрајк кон вас. Не напад кон вас, а најмалку повик против адвокатурата. Свесни сме и го почитуваме значењето на адвокатурата во остварувањето на правдата и начелото дека секој има право на одбрана, па и обвинетите за тешки кривични дела. Токму затоа очекуваме професионалност, одговорност и почит кон болката и траумата на семејствата. Искрено како човек, кој се нарекува интелектуалец би требало да ја знаете таа разлика. Таквата ваша изјава е чиста небулоза, извадена од реалноста. На угледот на правната заедница не ѝ штетат родителите кои бараат вистинска правда и одговорност што им следува, туку им штети вашиот обид да прикажете лице, кое според обвинението и сите досега познати докази е во центарот на еден нелегален, небезбеден и финансиски нерегулиран објект, лице кое поради профит ги игнорирало сите безбедносни стандарди, лице кое заобиколувало законски пат, преку мито и корупција, а истото тоа лице вие го претставувате како човек што нема свест – рече Наунов.

Според него, тоа значи дека таа прикажува дека „лицето не било свесно дека со своето однесување прекршува правила и извршува дело и носи ризик кој може да предизвика штета.“

– Кога јавно зборувате за сочувство и за емпатија кои досега сте ги имале кон нас, мораме да ве потсетиме на вашите зборови кои ги изговоривте пред родителите кои ги изгубија своите деца. На судењето рековте дека обвинетиот требало да одговара за небрежност, а не за тешки дела, дека немал свест за обврските, и најболната реченица која ни ја упативте „за вас тоа е монструм, а за нас е обичен човек“. Тоа вие го кажавте лично пред нас родителите кои ги погребавме нашите деца. Тоа е суровост. Ако сега тврдите дека вашиот лик е злоупотребен во небулозна форма, тоа тврдење не е само неточно, туку е потценување на нашата интелигенција – рече Наунов и додаде дека тврдењата во нејзината реакција биле неосновани..

Во саботата по одржувањето на Маршот, адвокатата Коцевска се јави со реакција во која наведе дека роднините на загинатите организирале штрајк во кој нејзиниот „лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат“.

Таа апелираше сите надлежни органи на Република Македонија да реагираат во насока на заштита на адвокатската професионална должност.

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ ЗА АНГЕЛИТЕ Таа побара заштита од сите надлежни институции

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy