Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа
Економија

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

03/10/2023

AA

Операторот МЕМО го суспендира Блесм Поуер Плус од пазарот на електрична енергија до крајот на годината со одлука донесена во петокот. Станува збор за контроверзна фирма која два пати го менуваше името во текот на енергетската криза и остануваше должна во милионски суми кај АД МЕПСО откако два пати влечеше струја од системските резерви а потоа не ги плаќаше фактурите.

„Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4080021599229, од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нерегулирана балансна одговорност. Времетраењето на суспензијата започнува од 01.10.2023 година и трае заклучно со 31.12.2023 година. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето“, пишува во одлуката на МЕМО, државниот оператор на пазарот на електрична енергија.

Во образложението испратено од МЕПСО се гледа дека на Блесм Поуер Плус на два пати му било давана шанса во 2021 и 2022 кога ги носеше имињата Мист Енерџи и Мист Енерџи Еко. При тоа во првата година фирмата остана должна 1,8 милиони евра, а проценките се дека и во следната година се работи за слична сума. Директорот на МЕМО, Симон Шутиновски, за „Фактор“ не обелодени дали и оваа 2023 контроверзната фирма која продолжи да работи под името Блесм Поуер Плус има нерасчистени долгови кон меспо.

– Она што ми е кажано од МЕПСО е дека станува збор за балансна неодговорност од страна на оваа фирма и ние постапуваме по барање на МЕПСО со негово суспендирање, ни изјави Шутиновски без да дава детали за што поконкретно станува збор, односно дали се работи за повторно влечење на струја од европската мрежа и нејзино неплаќање, со што повторно би се оставил МЕПСО да ја сноси одговорноста.

Инаку оваа оваа фирма заедно со добропозната У Повер со стартот на енергетската криза количините ги надополнуваа од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. Регулаторната комисија за енергетика им ги одзеде лиценците за тргување, но Мист Енерџи се пререгистрира во Мист Енерџи Еко, а потоа и во Блесм Поуер Плус.

Поранешниот пратеник и долгогодишен кадар на операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО, Михаил Пановски, е меѓу новите сопственици кои ја презедоа фирмата за прекугранична трговија со увозна струја под новото име. Пановски за време на претходната власт беше член на Управниот одбор на МЕПСО како директор на подружницата Оператор на преносна мрежа. Покрај Пановски, сопственици се уште и Бетим Адеми од Струга и Елизабета Манева од Ѓорче Петров. Меѓу сопствениците се и имињата на тројца државјани од Албанија, поточно од Тирана.

Мист Енерџи Еко во текот на минатата година склучи голем број на договори за снабдување со државни институции и јавни претпријатија. Меѓу повеќемилионските договори во 2022 се и оние со АД Пошта, ЈП Исар, Тетовската болница, Национална радиодифузија, ЈП Железници – Инфраструктура и други.

Во МЕПСО пак во меѓувреме за краток период се сменија двајца директори. На местото на Орхан Муртезани дојде Сурија Рашиди, а по неколку месеци по него беше назначен Зуди Енузи Кока.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот

29/10/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека

29/10/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките

29/10/2026
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46446
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен и врнежлив ноември

29/10/2026

Променливо облачно време, повремени врнежи од дожд и постепено заладување ја очекуваат Македонија во наредните три дена. Врнежи се најавуваат

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека политиките кои ги води се

29/10/2026

Премиерот вели дека Владата е фокусирана на проекти, дека ја зголемила борбата против криминалот и дека ги брани државните интереси.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy