Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сулејман Величествениот“ осуден за соборување на турската власт
Македонија

„Сулејман Величествениот“ осуден за соборување на турската власт

27/05/2025

AA

Турските власти го осудија актерот Халит Ергенч на речиси две години затвор за давање лажно сведочење и поткопување на турската влада.

Популарниот турски актер, најпознат по улогите во сериите „1.001 ноќ“ и „Сулејман Величествениот“, беше осуден на затворска казна од една година и десет месеци. Како што објави „Хиспанатолија“, Ергенч е обвинет за давање лажно сведочење за време на истрагата за инцидентите за време на антивладините протести во паркот Гези во Истанбул пред 12 години.

Турските обвинители беа заинтересирани за неговата поврзаност со една од клучните фигури во случајот – актерот и активист Мехмет Али Алабар. Како сведок во случајот, Ергенч тврдеше дека не бил близок со Алабор, но повиците и фотографиите направени за време на протестот кажуваат поинаку.

55-годишниот актер ги негираше обвинувањата за лажно сведочење, додавајќи дека само одговарал на прашања. Во исто време, тој мораше да ја објасни својата поврзаност со други лица вклучени во случајот, вклучувајќи ја и менаџерката Ајше Барим, приведена за заговор за соборување на турската влада, и тврдеше дека неговиот однос бил површен.

Покрај него, судот го осуди и неговиот колега Риза Коџаоглу, познат по улогата во серијата „Чесни луѓе“. Судот првично го осуди Ергенч на две години и три месеци, но поради неговото однесување на суд и соработката со истражителите, неговата казна беше намалена на 22 месеци, кои ќе ги отслужи доколку стори кривично дело.

Актерската ѕвезда најави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy