Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судскиот совет избра четворица судии од граѓанска област во Апелациониот суд
Македонија

Судскиот совет избра четворица судии од граѓанска област во Апелациониот суд

15/11/2023

AA

Судскиот совет на денешната 464-та седница избра четворица нови судии од граѓанска област во Апелациониот суд Скопје.

Избрани се судиите од Граѓански суд Скопје – Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани и судијата Александар Шопов од Основниот суд Велес.

За четворица судии од кривична област во Апелациониот суд Скопје, Судскиот совет ќе гласа по паузата.

Ова е прв избор спроведен врз основа на методологијата, изработена согласно новиот закон за Судски совет.

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четворица судии за граѓанската област и 24 кандидати за четорица судии од кривичната област.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев нагласи дека ова е прво оценување согласно новата методологија, појаснувајќи дека процесот е сочинет од два дела при што едниот дел го спроведува Судскиот совет по однос на постигнатите резултати како квантитет по број на решени и укинати предмети, а другиот го спроведуваат самите судови.

Претседателот на Комисијата за оценување на кандидатите Селим Адеми информира дека согласно новата методологија е направена конечната ранг листа со кандидатите, по што членовите на Судскиот совет гласаа за секој кандидат, почнувајќи од прворангираниот.

Прворангираната судијка, на конечната ранг листа за судии од граѓанска област, Елизабета Настов од Граѓанскиот суд Скопје, со 77.3 бода, не беше избрана бидејќи на гласањето доби 6 гласа„”за” и 6 гласа „против”.

Второрангираниот судија Александар Шопов од Основниот суд Велес, со 75 бода, доби 8 гласа “за” и четири “против”, беше избран за судија во Апелациониот суд Скопје.

Треторангираната судијка Ирена Костадинова Ангелова од Граѓанскиот суд Скопје, со 73,6 поени, доби 12 гласа “за” и беше избрана за судија во Апелациониот суд Скопје.

Четврторангираната судијка Наталија Донева од Граѓанскиот суд Скопје, со 73,1 бодови, доби 10 гласа “за” и два “против” и беше избрана за судија во Апелациониот суд Скопје.

Петторангираната, судијката Софија Спасовска Медарска, од Граѓанскиот суд Скопје со 72.2 поени, не беше избрана, бидејќи доби 4 “за” и 8 гласа “против”.

Шесторангираниот, судијата Илир Сулејмани, од Граѓански суд Скопје со добиени 69,5 поени, доби 11 гласа “за” и еден глас “против” и беше избран за апелационен судија.

За останатите кандидати од конечната ранг листа не се гласаше, бидејќи потребниот број од четворица судии веќе ја доби довербата на членовите ид Судскиот совет.

При гласањето, некои од членовите на Советот посочија дека се водат исклучиво од конечната ранг листа, додека некои елаборираа дека имаат задршка во однос на бодувањето и дека тоа нецелосно ги отсликува кандидатите, укажувајќи дека судиите кои се постојано ангажирани и работат добиваат помалку бодови, додека повеќе се ценат научни трудови и познавање јазик и други активности, поради што, како што посочија, можеби треба да се направи иницијатива за разгледување и измена на методологијата за оценување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy