
Судот на Латас му го одзема пасошот, а на Лазаров му забрани јавни настапи
Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров во врска со обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
На предлог на Обвинителството, судот му го одзема пасошот на Латас, а воедно му забрани да врши јавна дејност, односно јавни настапи слични на оние за кои е покренато обвинение.
На Јутјуберот Стефан Лазаров исто така му забрани да врши јавни настапи и јавни дејности.
Латас, гостувајќи во интервју како поткаст на Јутјуб каналот на Лазаров, објавено на 14 февруари, говореше за неговото сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка притоа промовирајќи насилничко однесување.
Интервјуто покрена низа реакции во јавноста, а Основното јавно обвинителство оформи предмет.