Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кошаркарите поразени во Словачка – сега чекаме помош од Данска за да нема драма во Осло (ФОТО)
Спорт

Кошаркарите поразени во Словачка – сега чекаме помош од Данска за да нема драма во Осло (ФОТО)

23/02/2023

AA

Кошаркарите на Македонија го претрпеа првиот пораз во петтиот меч од претквалификациите за пласман на ЕП 2025, откако вечерва не ја издржаа канонадата со тројки од страна на Словачка (82-73) во меч одигран на теренот на противникот.

Крајната негатива е поголема од посакуваната негатива од најмногу три поени, која секако ни обезбедуваше едно од првите две места во групата кои водат во квалификациите, па сега пред жолто-црвените се две добитни комбинации. Првата е победа на Данска во вечерашниот дуел кај Норвешка, или, пак, победа в недела во Осло против норвешката селекција.

Словаците апсолутно заслужено дојдоа до триумф, со оглед што водеа речиси во целиот натпревар, во извесен период и со позитива од 20 и повеќе разлика. Избраниците на селекторот Александар Јончевски во финишот заиграа подобро, престанаа да форсираат шутеви за тројка, што донесе намалување на минус седум (70-77), но тоа е најмногу што успеаја да направат.

Големиот број тројки, вкупно 14 и доминацијата во играта под кошевите, која им донесе дури 13 скока повеќе (43-30) се главните причини за победата на Словачка, заедно со лошиот шут за три поени на македонскиот кошаркари, кои погодија само осум пат зад линијата 6,75 метри со дури 20 промашувања. Ако на ова се додаде и шутот од само 64-отсто од линијата за слободни фрлања, тогаш јасно е зошто загубивме во Левице.

Ти-Џеј Шортс блесна во второто полувреме и средбата ја заврши со 23 поени и шест асистенции, додека зад него беа Бојан Крстевски со 14 и Андреј Маслинко со 10 поени. Симон Крајчовиќ со 23 поени (пет тројки) беше најефикасен кај Словачка.

Македонија в недела ѝ гостува на Норвешка во Осло, а дали тој меч ќе има резултатско значење и какво ќе се знае по завршување на вечерашниот дуел помеѓу Данска и Норвешка (19 часот).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба

11/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за

11/11/2026
Македонија

СУБХИ ЈАКУПИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ СУД Јошевска му

11/11/2026
Македонија

САКАЛ ДА КУПИ „АУДИ А5“ ОД ГЕРМАНИЈА, НО БИЛ ИЗМАМЕН

11/11/2026
Македонија

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по

11/11/2026
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
Македонија

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46718
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба од 24%, а опозицискиот СДСМ

11/11/2026

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните, откриваат трите анкети спороведени во октомври, информираше денеска на брифинг со новинарите

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за трите блока на РЕК Битола,

11/11/2026

Растот на цените на енергенсите и притисокот врз инфлацијата создаваат ризик од нова енергетска криза, која веќе се чувствува во

СУБХИ ЈАКУПИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ СУД Јошевска му замери дека нема судиски стаж

11/11/2026

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд, за нов претседател на Управниот суд, оценувајќи дека неговата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy