Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судот му нареди на Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари за финансиска измама
Македонија

Судот му нареди на Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари за финансиска измама

24/02/2024

AA

Судот во Њујорк му нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари, откако беше прогласен за одговорен за погрешно прикажување на неговата нето вредност во случајот за финансиска измама што го покрена њујоршката обвинителка Летиција Џејмс, пренесува Танјуг.

Исплатата вклучува парична казна од 354,9 милиони долари, наметната од судијата на државниот суд на Менхетен, Артур Енгорон во средината на февруари, објави Ројтерс.

Енгорон, исто така, им нареди на синовите на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик, да платат по речиси 4,7 милиони долари.

На поранешниот финансиски директор на организацијата Трамп, Ален Вајселберг, му беше наложено да плати 1,1 милион долари.

Енгорон, исто така, издаде тригодишна забрана за Трамп да раководи со која било њујоршка компанија или да бара кредит од банки регистрирани во државата Њујорк, додека на неговите два сина им беше забрането да заземаат лидерски позиции во фирми на две години.

Трамп го нарече случајот „лов на вештерки“

Судијата рече дека „целосното отсуство на каење кај обвинетите се граничи со патолошкиот“.

Трамп го нарече случајот „лов на вештерки“ од политичките противници.

Енгорон го одби барањето на Клифорд Роберт, адвокатот на обвинетите, да се одложи извршувањето на пресудата за 30 дена за да се овозможи „уреден процес по пресудата“.

„Не успеавте да објасните, а уште помалку да оправдате каква било основа за одложувањето. Уверен сум дека Апелацискиот оддел ќе ги заштити вашите апелациони права“, му напиша судијата на Роберт во е-пошта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy