Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУДИИТЕ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ АКО ПЛАТИТЕ ИМ ОСТАНАТ ЗАМРЗНАТИ Дополнета е иницијативата пред Уставен за измените на Законот за плати на судиите
Македонија

СУДИИТЕ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ АКО ПЛАТИТЕ ИМ ОСТАНАТ ЗАМРЗНАТИ Дополнета е иницијативата пред Уставен за измените на Законот за плати на судиите

02/03/2026

AA

Здружение на судиите информира (ЗРСМ) дека до Уставниот суд на РСМ поднело дополнување на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, со кое бара „поништување/укинување на неуставно донесените незаконски измени на Законот, со кои платите на судиите остануваат замрзнати“.

Судиите нагласуваат дека дополнителен проблем создаваат и ниските плати, одливот на кадар на судската администрација и неисплаќањето на додатоците, од што директни последици трпат странките во постапките, односно граѓаните.

„Поради тоа, децидни сме на ставот дека доколку продолжи „уривањето“ на судскиот систем, ако ваквите неуставни измени на законот опстојат и доколку судската администрација се остави на маргините и се продолжи да се деградира, судиите ќе изнајдат друга форма на покажување незадоволство и видлив протест, а ја поддржуваме и судската администрација на нови, законити чекори, за изразување на незадоволството за кое нешто изминатиот период е добиена поддршка од повеќето подружници на ЗСРСМ“, соопшти Здружението.

  • УСТАВНИОТ СУД ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ Покачувањето на пензиите ќе се разгледува кога ќе се комплетира Судот

Дополнувањето на Иницијативата пред Уставниот суд, како што се посочува во соопштението, ги опфаќа последните измени на Законот донесени на 25 февруари, годинава.

„Сметаме дека ваквиот пристап на пратениците од Собранието, кои ги изгласаа овие измени на законот во брза, неуставна и, за жал, само популистичка постапка, ќе има далекусежни последици во врска со (не)владение на правото, бидејќи е во спротивност со член 32 од Уставот на РСМ, а дополнително директно го нарушува и достоинството на судиската функција. Пратениците со мандат од 4 години мора да престанат со креирање, менување и укинување на закони кои имаат цел само да купат социјален и политички мир. Наместо да носат штетни и неуставни закони, кои генерираат правна несигурност, и наместо да се водат само од потребата за зголемување на политичкиот рејтинг, потребно е пратениците да ја согледаат реалната потреба за независно и непристрасно судство, кој ќе биде гарант за владеење на правото и доследна борба со организираниот криминал и корупција, како предуслов за европски напредок на земјата“, се вели во соопштението од Здружение на судиите.

Судиите посочуваат дека во Македонија „владее општо незадоволство, пред сè, од политичките структури во земјата, но и од судскиот систем, образованието и од здравството, но најповеќе владее незадоволството од економската состојба во државата и куповната моќ на граѓаните“.

„Појдовна точка и излезна врата од сите напластени проблеми, како во секое демократско општество така и кај нас, треба да биде владеењето на правото и почитување на уставно загарантираните права на граѓаните. Затоа и пред гласањето на спорниот закон, апелиравме до пратениците: Не го кршете Уставот, не ги повторувајте грешките на претходните собраниски состави, не купувајте социјален мир со намалување на платите на една мала група на граѓани, напротив зголемете ги платите на сите“, соопшти  Здружението на судиите.

СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ОСПОРУВААТ КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА НИВНИТЕ ПЛАТИ Две иницијативи пред Уставен суд може да им ги зголемат приходите

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy