Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за пожарот во „Пулс“ ќе се одржува во Основниот кривичен суд Скопје – одлучи Врховниот суд
Македонија

Судењето за пожарот во „Пулс“ ќе се одржува во Основниот кривичен суд Скопје – одлучи Врховниот суд

25/06/2025

AA

Советот за казнени дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе одлука Основниот кривичен суд Скопје да биде стварно и месно надлежен за водење на судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Советот за казнени дела при Врховниот суд, денес на 25 јуни 2025 година, донесе решение со кое за надлежен суд за постапување по предметот поврзан со пожарот во „Пулс“ се определува Основниот кривичен суд Скопје – се наведува во соопштението на Врховниот суд.

Согласно обвинителниот акт, 34 физички и три правни лица се обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Поради недостиг на доволно докази, постапката е запрена за 11 лица, меѓу кои се и двајца поранешни министри.

Во трагедијата што се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца, а над 200 лица беа повредени.

Судењето за овој случај се очекува да започне наскоро во Основниот кривичен суд во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy