Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок
Магазин

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок

06/05/2025

AA

Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен Кривичен суд во Скопје со почеток во 10 часот. Васил Јованов е обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за кое е предвидена затворска казна до 20 години. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026
Македонија

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот

13/02/2026
Македонија

ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ПРАТКИТЕ ДО 22 ЕВРА ЈА ПРЕБУКИРА ПОШТАТА Он-лајн

13/02/2026
Македонија

Укинувањето на прагот од 22 евра го закочи поштенскиот сообраќај:

13/02/2026
Македонија

СТРУШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

13/02/2026
Македонија

Случај Онкологија: Одбраната вели се постапувало правилно – „Ова што

13/02/2026
Македонија

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење

13/02/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41408
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026

Цвета Ристовска – член на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска си поднесе оставка. Својата оставка ја поднесе до

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот „Шум“ опаѓа, но е далеку

13/02/2026

Иако нивото на заматеност на водата во изворот „Шум“ постепено се намалува, таа и понатаму е здравствено неисправна и забранета

ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ПРАТКИТЕ ДО 22 ЕВРА ЈА ПРЕБУКИРА ПОШТАТА Он-лајн нарачките доцнат, поштата апелира за

13/02/2026

Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, се укина ослободувањето од ДДВ за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy