Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКОЛОСКИ ОТКРИ ШТО Е ЗЛАТНАТА КОКОШКА ЗА МАКЕДОНИЈА: „Ќе носи многу профит“
Економија

НИКОЛОСКИ ОТКРИ ШТО Е ЗЛАТНАТА КОКОШКА ЗА МАКЕДОНИЈА: „Ќе носи многу профит“

06/05/2025

AA

 Изградбата на брза пруга на Коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка” на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
 
Во интервју за Радио Лидер, Николоски рече дека со новата пруга во патничкиот сообраќај брзината ќе биде од 160 до 200 километри на час, а во карго превозот до 120  километри на час. Тоа, според вицепремиерот, е условот за економски развој на земјата.
 
– Сакам да имаме пруга со која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на најдобрите пруги во Европа, што значи дека државата ќе се поминува за нешто час и половина што многу ќе значи за развојот на трговијата и очекувам тоа да е златната кокошка на Македонија. Многу профит ќе ни носи ако ја изградиме железницата на Коридор 10. Се работи за економски највиталниот коридор во цела Европа, односно може да носи најмногу пари.  Еве еден податок. По автопатот кој оди од северната до јужната граница, годишно поминуваат над 10 милиони патници. Ако секој од нив барем едно кафе купи значи 10 милиони остануваат во државата, а инаку приливот од патарини само од Коридор 10 е некаде 58 милиони евра годишно. Замислете да почне железницата да оперира како што треба и да се отворат двете грчки пристаништа Пиреа и Солун а ќе се отворат, затоа што тоа е стратегиски проект, мој личен проект и мој сон за што зборував и во опозиција и една од главните причини зошто сум во овој ресор. И за многу брзо ќе слушнете убави вести, истакна вицепремиерот Николоски.  

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски во интервјуто потенцирал дека активно се градат четири нови автопати, а во постапка е јавен повик за изградба на уште еден.

– Ќе имаме отворен фронт за изградба на пет нови автопати. Тоа е сериозна мобилизација на ресурси и уште поважно зголемување на капацитетот на администрацијата за која е сериозн предизвик реализацијата на овие крупни капитални проекти. Се гради Охрид -Кичево, се гради Гостивар-Букојчани, се гради Гостивар -Тетово и се грaди Прилеп-Битола, а најавувам дека во моментов имамe отворен повик и ќе се гради спојката меѓу двата автопати Букојачни – Кичево, значи ќе имаме изградба на пет автопати што е сериозна мобилизација на ресури, луѓе, машини и што е поважно покажуваме капацитет на администрацијата.  Дополнително реализиравме два големи проекти кои што ги пуштивме во јануари, тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресниот пат Прилеп – Градско прва фаза и плус желеницата Куманово-Букојчани.  Во моментов се гради Дреново -Фариш втората фаза на експресниот пат, ќе го пуштиме на почетокот на јуни, се гради Охрид -Св. Наум ќе го пуштиме на крај на мај и се гради Богданци – Гевгелија исто така ќе го пуштиме во тек на јуни, така што има огроман фронт за изградба на патишта. Паралелно ја градиме железницата Бељаковце – Крива Паланка, рече вицепремиерот Николоски
 
За изгрaдбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, вицепремиерот Николоски истакна дека за десетина месеци Владата експроприрала пет пати повеќе парцели отколку претходната во две години. – Кога бевме избрани во јуни лани од вкупниот број на парцели што требаше да се експроприраат, беа експроприрани околу 500, а ние во перидот од јуни до април во рок од 10 месеци експроприравме околу 2500. Тоа што претходната влада го направила за две години, ние помножено со пет го направивме за десет месеци и во моментов во Македонија како во нидна балканска земја има отворен фронт за работа на четири автопати кои што се градат паралелно, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy