![Студентка од Албанија исчезнала од Македонија](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/studentkata-jpg.webp)
Студентка од Албанија исчезнала од Македонија
Студентка на Економскиот факилтет од Албанија е пријавена за исчезната откако во петокот вечерта и се губи секаква трага. На 21 годишното девојче последната трага му се губи во скопски Илинден.Станува збор за Енкеледа Чела од Албанија, чие исчезнување го пријавиле нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија.
Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и еден часот излегла да прошета на којот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела.Но, од тогаш не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.
Случајот е пријавен во полиција. Според пријателите на Чела, МВР в понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката.
Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на горните заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми.Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.