ДАЧИЌ ДО БАКОЈАНИ: Зошто не го пуштиш Северен Кипар во Советот на Европа или Каталонија?
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја праша Дора Бакојани зошто не го пушти Северен Кипар во Советот на Европа или Каталонија.
„Еве, каталонските сепаратисти влегоа во владата на Шпанија, тие веќе не се толку страшни. Зошто да не им помогнеме да влезат во Советот на Европа? Немаме одговор на тоа. И не ни треба. Повеќе сме загрижени дали Советот на Европа ќе опстане, единствено ни е важно да ја зачуваме Србија, нашиот државен суверенитет и територијален интегритет, како што гарантираат сите меѓународни организации и нивните фундаментални документи – од ОН до Советот на Европа . Затоа ќе се бориме до крај против нарушувањето на нашиот територијален интегритет и суверенитет“, вели тој.
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати со остар тон кон Дора Бакојани по промената на ставот на Атина за членството на Косово во Советот на Европа.
На насловната страница на грчкиот весник „Демократија“ објавено е дека Вучиќ, во синоќешното обраќање до јавноста, изразил остра осуда за позитивното мислење на известувачката Дора Бакојани за прием на Косово во Советот на Европа. Весникот Демократија, наведува дека Вучиќ употребил „невидена остра реторика“ против Бакојани во своето обраќање до нацијата, пренесува РТС.
„Срам да ти е што направиви. Срам да ти е! Јас лично знам кој ви наложи со телефонски повик, а вие го сменивте извештајот (за Косово)… Некои луѓе имаат кичма, а некои се без кичма!’“, пишува грчкиот весник за говорот на Вучиќ.
Како што се наведува, острата реакција на претседателот на Србија уследи неполни 48 часа по прифаќањето на извештајот на Бакојани од Парламентарната конференција на Советот на Европа.
Весникот „Демократија“ оценува дека потегот на Бакојани „го отвора патот за меѓународно признавање на Косово“.
И српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ остро ја критикуваше Бакојани и за него нејзиниот потег е скандал и лицемерие.