Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот „Шум“ опаѓа, но е далеку од дозволеното
Македонија

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот „Шум“ опаѓа, но е далеку од дозволеното

13/02/2026

AA

Иако нивото на заматеност на водата во изворот „Шум“ постепено се намалува, таа и понатаму е здравствено неисправна и забранета за употреба. Најновите анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид потврдуваат дека параметрите се сè уште далеку над максимално дозволените граници.

Според податоците на д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, првичните мостри земени на 9 февруари покажале загрижувачки 28,56% матност. Последните мерења од средата (11 февруари) покажуваат подобрување, односно пад на 10,17%, но тоа е сè уште критично високо.

„Водата низ целиот град е со висока матност. Иако има присуство на хлор, таа не е безбедна додека нивото на заматеност не падне под 1,5%,“ предупредува д-р Симоноска.

Експертите од ЦЈЗ Охрид сметаат дека главната причина за енормното загадување се активностите на каменоломот лоциран во непосредна близина на извориштето.

Случајот веќе добива правна разрешница. Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испита дали се сторени кривични дела против животната средина и природата.

Водата од струшкиот водовод е под строга забрана за пиење и лична хигиена уште од неделата. Жителите се упатени да користат флаширана вода до официјалното известување за исправност од надлежните институции

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен

29/07/2026
Македонија

Автоматизирани гранични терминали до средината на следната година, најавува Царинската

29/07/2026
Македонија

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

29/07/2026
Македонија

Нов топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40

29/07/2026
Македонија

Кривична пријава за три лица за давање и примање поткуп

29/07/2026
Македонија

Сериозна е состојбата на 76-годишен скопјанец со западнонилска треска

29/07/2026
Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026
Македонија

ДПИ за една недела изврши 518 контроли и изрече казни

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен телефон додека возите

29/07/2026

Една секунда невнимание може да биде доволна за да се случи трагедија. Со оваа порака Министерството за внатрешни работи и

Автоматизирани гранични терминали до средината на следната година, најавува Царинската управа

29/07/2026

Граничните терминали во земјава ќе бидат модернизирани со воведување паметни системи за автоматизација, проект за кој се обезбедени два милиони

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

29/07/2026

Две лица од гостиварскиот регион се лишени од слобода поради сомнение дека организирале борби на кучиња, соопшти Министерството за внатрешни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy