Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Струга првпат победи во Европа, ама има за што да жали – само минималец со Будуќност
Спорт

Струга првпат победи во Европа, ама има за што да жали – само минималец со Будуќност

26/07/2023

AA

Македонскиот шампион Струга ТЛ ја запиша првата европска победа во својот петти меч на меѓународната сцена, но стружани само со минимална предност ќе одат на реваншот во Подгорица, откако попладнево на „СЦ Билјанини Извори“ го победија Будуќност со 1-0 во првиот меч од второто коло во Конференциската лига.

Иако Струга победи, македонскиот првак треба да жали што не обезбеди многу поголема залиха за реваншот за седум дена во Црна Гора, зашто во првиот дел направија доволно шанси за многу повеќе од само 1-0, но успеаа да реализираат само една шанса и тоа во акцијата на Марјан Радески со Бесарт Ибраими, а најдобриот стрелец го матираше противничкиот голман по половина час игра.

Ибраими имаше уште три можности, но ни една не успеа да ја реализира настрана од голот и секојпат му недостигаше завршниот потег, по еднаш се заканија и Радески, Бунјамин Шабани, но иако фудбалски доминираа против Црногорците, во вториот дел домаќнините подзастанаа. Ја загубија енергијата, па две можности на Шабани и една на Радески, кој закасни сантиметар по додавањето на Ибраими беше премалку за втор гол.

Будуќност од друга страна како одигра, треба и да е среќен што има активни минус еден гол пред реваншот дома, зашто за 90 минути не покажа ништо фудбалски, а имаше една сериозна шанса, со опасен шут од 30 метри сантиметри над пречката.

Победникот од овој двомеч во шампионската група во Конференциската лига оди во третото коло против подобриот од дуелот ТНС-Есперанж (1-1 по првиот меч).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy