Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стручниот надзор не го заменува судско-медицинското вештачење, оценија првите луѓе на ЈО и Лекарската комора
Македонија

Стручниот надзор не го заменува судско-медицинското вештачење, оценија првите луѓе на ЈО и Лекарската комора

18/03/2023

AA

Унапредување на соработката и зголемување на ефикасноста во водењето на постапките беше во фокусот на средбата на претседателката на Лекарска комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова и Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески. Средбата се реализираше на иницијатива на Лекарската комора, со цел да се разгледаат барањата за вршење стручен надзор како дел од постапката во конкретни предмети кои надлежни јавни обвинители ги доставуваат до Комората.

Проф. д-р Гривчева Старделова појасни дека вршењето на стручен надзор врз работата на здравствените установи и здравствените работници е една од надлежностите на Лекарската комора дефинирана со Законот за здравствена заштита. Надзорот се врши на барање на пациент, член на негово семејство и државен орган. Комисијата која го врши надзорот се формира за секој случај посебно во зависност од медицинската специјалност со која е поврзан случајот, а докторите кои го вршат се вработени во здравствените установи. Стручниот надзор има за цел да го подигне квалитетот на здравствената дејност и тој не содржи елементи на судско-медицинско вештачење.

„Евидентирана е потреба да се направи дистинкција меѓу стручниот надзор кој го прави Комората заради контрола и оцена на стручната работа, спроведување на стручните упатства како и процена на условите и начинот на укажување на здравствената заштита и она што му е потребно на Обвинителството во истрагите кои ги води“, истакна Гривчева-Старделова.

Таа појасни и дека Лекарската комора како и лекарите кои ги ангажира за извршување на стручниот надзор ја разбираат потребата на пациентите и интересот на јавноста, поради што вложуваат максимални напори да одговорат што побрзо на доставените барања за вршење на стручен надзор. Поради короната имаше поголем број на барања, поради што динамиката беше забавена, но овој проблем е во фаза на надминување. Во време на пандемија приоритетот на дејствување на лекарите беше насочен кон лекување на пациентите, а имајќи во предвид дека истите тие се ангажираат и за стручен надзор не можеше да се одговори на барањата за стручен надзор со очекувана динамика.

Од страна на Јавниот обвинител на РСМ Јовески, пак, беше нагласено дека стручниот надзор на Лекарската комора секако не го заменува судско-медицинското вештачење, а со увид во конкретните предмети ќе се провери потребата од барање на надзор од Комората за разјаснување на фактичката состојба.

Јавното обвинителство и Комората се договорија во наредниот период да преземат заеднички активности за да се дефинира и прецизира формата на соработката со цел подигнување на ефикасноста во работењето.

Согласно Законот за здравствена заштита, за да се изврши надзор од страна на Лекарската комора потребно е подносителот на барањето до Комората да достави писмена пријава и комплетна документација за случајот, која често се доставува некомплетна или со задоцнување, што може да биде една од причините за доцнење на надзорот. Комисијата ја разгледува целокупната медицинска документација по потреба прибира и изјави од засегнатите страни и врз основа на тоа дава стручниот извештај за констатираната состојба кое го доставува до Министерот за здравство и установата во која е извршен надзорот. Согласно Законот за здравствена заштита Министерот може да предложи комората да поведе постапка за одземање на лиценцата за работа на здравствен работник; да предложи до здравствената установа да спроведе постапка за преместување на друго работно место и/или за упатување на дополнително стручно усовршување и да иницира вршење на инспекциски надзор од надлежен орган.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
Македонија

ДА ИЗГРАДИМЕ ЗЕМЈА ВО КОЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ БЕЗ

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46897
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ Јаревски вели дека реформската

23/11/2026

Македонија е меѓу најуспешните држави во исполнувањето на реформските обврски и искористувањето на европската поддршка, а напредокот кон Европската Унија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП Полицаец од Долно Блаце дел

23/11/2026

Полицаец на граничниот премин Долно Блаце побарал и примил пари за да им овозможи влез во Македонија на двајца турски

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки пред средбата на лидерите во

23/11/2026

Возачите во Охрид од денеска ќе мора да внимаваат каде ги запираат и паркираат возилата. Полицијата воведува засилени контроли на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy