Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства 
Македонија

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства 

13/03/2025

AA

Градежништвото е основен двигател на економскиот развој, па имплементацијата на иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција кои ќе го унапредат процесот и ќе создадат можност за нови одржливи производи е од клучно значење. Во услови на голема транзиција во скоро сите сектори, од клучно значење е зајакнување на соработката помеѓу науката, компаниите и институциите. Само на тој начин може развојот да се насочи кон креирање на одржливост на долг рок, зајакнување на конкурентноста на компаниите и економски раст. Ова беа главните заклучоци на стручната конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ што се одржа денес во организација на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

На конференцијата која е организирана во рамки на обележувањето на 70-годишнината од основањето на ТИТАН Усје пред присутните се обрати главниот извршен директор на компанијата Константинос Николау.

„Иновациите и воведувањето на нови технологии се наш врвен приоритет и голем дел од инвестициите се насочени во тој правец. Во последните пет години, компанијата вложи повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Титан Усје е пионер во примената на принципите на кружната економија, а како резултат на тоа компанијата ги редуцираше емисиите на CO₂ за 2.600 тони. Токму тоа нѐ мотивираше да ја интензивираме соработката со сите релевантни партнери, да го споделиме нашето искуство и знаење со пошироката заедница и да поттикнеме поголема соработка помеѓу инволвираните страни“, истакна Николаоу.

ТИТАН Усје планира да инвестира дополнителни 20 милиони евра во нови технологии и модернизација во следните три години, а со производство и пласман на пазарот на нови еко цементи, компанијата дополнително ги намали CO₂ емисиите за повеќе од 40.000 тони.

„Живееме во услови на брзи и нагли промени што предизвикува неизвесност. Скоро сите сектори, вклучувајќи го и градежништвото мора да се адаптираат на овие промени. Па оттука, соработката е многу важна, бидејќи ќе ни овозможи заедно да го најдеме најдобриот начин кој ќе гарантира раст и во следниот период. Градежништвото е исправено пред два предизвика. Едниот е поврзан со климатските промени и потребата од поголема имплементација на еколошки производи. Вториот предизвик е поврзан со потребата да не се запоставуваат базичните принципи на градежништвото – стручност, стандарди, свест и совест. За одржливо градежништво се потребни и двата аспекта и уверен сум дека со ваков тип на соработка во голема мерка ќе придонесеме за развој кој ќе се движи во вистинска насока“, истакна деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф. д-р Горан Марковски. За да ја потенцира важноста од стручноста во градежништвото и употребата на квалитетни и еколошки бетони, Марковски стави маска од диносаурус, алудирајќи дека ако не се грижиме за животната средина ќе имаме иста судбината на диносаурусите.

На првиот панел на тема Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво настапија Деканот на градежниот факултет проф. д-р Горан Марковски, проф. д-р Петер Марк од СР Германија, проф. д-р Снежана Маринковиќ од Република Србија, Христофорос Вулгарис од Титан и Иван Ангелов од Титан Усје. Говорниците преку своите стручни презентации ја подвлекоа важноста од употребата на еколошки бетони и градежни материјали за да се обезбеди одржлив развој и заштита на животната средина. Во таа насока акцент беше ставен на регулативата во земјава, но и во Европската унија, во насока на редуцирање на CO₂ емисиите. Законот за климатска акција кој е во работна верзија треба да ја зајакне домашната регулатива, а голем исчекор се очекува да има и воведувањето на СИБАМ системот. Покрај регулативата, говорниците се осврнаа и на значењето на новите технологии и зајакнување на стандардизацијата за да се обезбеди одржливост и на градежништвото и на еко системите.

На вториот панел на тема Иднината на градежништвото – Бизнис стратегии и политики за зелена транзиција говореа директорот на Фабрика Карпош Силјан Михајловски, комерцијалниот директор на Адинг Даниел Цеков, главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау, д-р Џевад Кицера, директор на Институтот за стандардизација и Маја Дојчиновска Колиќ од Институтот за стандардизација.
Поголема имплементација на стандардите, тесно усогласување на развојот на индустријата во целосен склад со развојот на заедницата и животната средина и размена на искуства и знаења за најновите трендови во индустријата, беа во фокусот на овој панел.

Во насока на интензивирање на соработката помеѓу приватниот сектор и научната јавност, ТИТАН Усје започна соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која се реализира преку проектот „Знаење + CO₂ -“ – со знаење и иновативност до помалку CO2. Токму оваа конференција е дел од овој проект, но предвидени се и многу други. Активностите на проектот се одвиваат преку три главни модули: Едукативен модул – организирање курсеви, практикантски програми, теренски посети и поткасти; Модул за истражување и развој – мултидисциплинарни истражувања и отворање на паметна лабораторија и Модул за подигнување на свеста – младински натпревари, годишна изложба и други активности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy