Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД не ја коментираат одбиената виза за Лимани, одговорот го оставија на министерот
Македонија

САД не ја коментираат одбиената виза за Лимани, одговорот го оставија на министерот

13/03/2025

AA

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, одби да открие зошто министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, не добил американска виза. Таа нагласи дека законите за приватност во САД не дозволуваат јавно споделување информации за визни одлуки, но додаде дека самиот министер има целосни информации за одлуката.

„Имаме строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави, така што не можам да разговарам за никакви визни прашања за кој било поединец. Би ве упатила кај министерот за да поразговарате за тоа што се случило“, изјави Агелер.

Министерот Лимани пред два дена објави дека причина за „пречката во слободното движење“ е неговата улога во враќањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Македонија. Според неговите тврдења, тој користел „начини и средства забранети според меѓународното право“.

„Ова нека служи како потсетник дека идните генерации мора внимателно да избираат кому му веруваат и за што се жртвуваат“, напиша Лимани на социјалните мрежи, додавајќи дека ако јавноста сака повеќе информации, Ахмети треба да избере телевизиска куќа каде што ќе се зборува за тоа.

Поради ситуацијата, министерот морал да ја откаже официјалната посета на Обединетите нации во Њујорк.

Во меѓувреме, од партијата Алијанса за Албанците побараа Владата да реагира и да побара разрешување или итна оставка на Лимани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската

28/08/2026
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45303
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската медиумска машинерија“ Македонија

28/08/2026

Опозициската партија СДСМ побара од надлежните институции да спроведат истрага и да постапат по, како што посочуваат од партијата, законските

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената. Пронајдено e

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во

28/08/2026

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy