
Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапе минимално
Претседателот на регулаторната комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денеска објави дека крајната цена за домаќинствата од страна на универзалниот снабдувач од 1 јануари 2025 ќе се зголеми минимално за 0,92 отсто.
– Ккао пшто ветивме, просечната цена за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти. Тоа значи дека просечната сметка на едно домаќинство од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за само 22 денари, рече Бислимовски.
Струјата ќе поскапи минимално во сите четири тарифни блокови, а исто така минимално поскапува и таканаречената „евтина тарифа“ од 4,08 на 4,12 денари за киловатчас енергија.
Претходно ЕСМ ја зголеми цената на струјата што му ја предава во 2025 на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме од 60 евра на 62 евра за мегаватчас.
Енигма останува како следната година ЕСМ со оваа цена ќе ги покрива огромните трошоци во своето работење.
