
Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето
Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето. Промената ќе се случи во последната недела од март, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред.
Официјалното преминување на летното време е на 29 март.
Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.

