Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стратешките инвеститори ќе ја чекаат новата влада, убедени се дека законите ќе им поминат
Економија

Стратешките инвеститори ќе ја чекаат новата влада, убедени се дека законите ќе им поминат

01/04/2024

AA

Законите за четирите стратешки инвестиции ќе го чекаат новиот парламентарен состав, односно формирањето на новата влада по изборите, откако ниту на последната пленарна седница во Собранието не беа изгласани, иако на дневен ред беше предвидено да се донесат по брза постапка.

Последната пленарна седница се одржа во четвртокот, на која беа изгласани неколку други предлог-закони и други одлуки, но не дојде до гласање  законите за инвестициските проекти „Митилинеос“, „Соларен парк Стипион“, „Аим грин тек“ и соларна електрична централа – Пехчево. 

Владата претходно еднаш ги повлече, а потоа ги врати во собраниска процедура „за да се отстранат недоразбирањата“. Претходно, пред да бидат повлечени, предлагач беше министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ, а потоа повторно се најдоа во собраниска процедура, но како предлози на СДСМ.

– Излезе така како што излезе, но ние знаеме дека веднаш откако ќе се формира новата влада, озаконувањето на овие инвестиции ќе се разгледа уште на првите владини седници. Има опција тие да продолжат во редовна собраниска процедура со новиот парламентарен состав, доколку остане да владее актуелната елита, а доколку опозицијата формира влада, знаеме дека и кај нив има позитивно расположение. Тогаш би се вратиле повторно во владина процедура законите, ќе бидат прифатени нивните условно опозициски амандмани, каде што нема нешто спектакуларно. Има разлики единствено такви од типот – домашни компании да ги градат овие енергетски постројки, но и тоа е во ред, бидејќи и нам тоа ни одговара, ни рече претставникот на еден од стратешките инвеститори со кој стапивме во контакт.

Тој додава дека инвеститорите очекуваат и надминување на меѓукоалициските недоразбирања во актуелната владеачка гарнитура, доколку таа ја задржи власта и по парламентарните избори на 8 мај.

Во јавноста најголемо внимание привлече законот за когенеративната постојка која според договорот треба да ја гради грчката компанија Митилинеос кај скопска Железара. Дел од експертите изминатиов период реагираа дека со реализацијата на овој проект државата ќе претрпи огромни финансиски штети, а грчкиот инвеститор од друга страна ќе има голема добивка и ќе се богати. За репреговарање на некои од деловите од договорите со еден од стратешките инвестиции беше министерот за економија Бектеши, кој е од редовите на ДУИ.

Вкупната предвидена вредност на четирите стратешки инвестиции е 786 милиони евра и ќе треба да обезбедат енергетска независност за земјата со тоа што електричната енергија ќе им ја купува ЕСМ. Во Собранието се предлог-законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, на „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтаична централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестицискиот проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешкиот инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Греен ТЕЦХ“ ДООЕЛ Скопје, со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност за батерии за баланс во мрежата

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy