
ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува традицијата, не од Охрид туку од Скопје ќе ја започне кампањата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе го најави својот прв митинг. Наместо како досега, традиционално од Охрид, ВМРО-ДПМНЕ својот старт на изборната кампања ќе го означи од Скопје. Во моментов нејасно е од каде СДСМ ќе ја започне кампањата. Партијата изминатите години, камапањата ја започнуваше од Прилеп.