
Страшно невреме во Хрватска: Поплавени локали и подруми, повреден еден пожарникар ВИДЕО
Силни врнежи кои ги најавија меторолозите синоќа ја зафатија централна Хрватска, а во некои градови се поплавени подрумски простории.
Во вечерните часови дожд пропратен со молњи и грмежи паѓаше и во главниот град Загреб, но претходно фронтот од брегот се пресели во голем дел од континентална Хрватска.
Силниот дожд целосно поплави некои места, па заменик-градоначалничката на Глина Бранка Бакшиќ Митиќ на социјалната мрежа Х објави како изгледа состојбата во тој град. Кафулињата во центарот на градот се полни со вода.
Glina, korzo pod vodom! pic.twitter.com/Qe22iVNuaK
— Branka Bakšić Mitić (@MiticBaksic) August 19, 2024
Вечерва околу 02:50 часот при интервенција е повреден член на противпожарните служби, кој случајно паднал. Комуницира и оди нормално, под превентивен болнички надзор е, известија од загрепската противпожарна бригада.
– Вечерва околу 7 и пол поради вонредната количина на врнежи за кратко време поплавени се улицата С.и А.Радиќ, Корзо и неколку околни улици. Со пристигнувањето на сите комунални служби на терен и интервенцијата на ДВД Глина и ДВД Видушевац, вреќи со песок беа дистрибуирани на критичните локации, за жал, водата навлезе во некои локалитети во Корзо и самиот Бановац, водата се повлекува, а со оглед на понатамошните врнежи, активностите ќе продолжат се додека не се стабилизира целосната состојба – објави Иван Јанковиќ, градоначалникот на Глина.
Фото: Принтскрин/Твитер
