Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Страшни сцени од невремето: Плимниот бран предизвика проблеми на Јадранот, потопени куќи, бурата Сиаран однесе животи низ Европа
Македонија

Страшни сцени од невремето: Плимниот бран предизвика проблеми на Јадранот, потопени куќи, бурата Сиаран однесе животи низ Европа

04/11/2023

AA

Јужното невреме и плимниот бран предизвикаа големи проблеми на Јадранот. Бурата Сиаран однесе 14 животи во Европа.

Во Мандре на островот Паг, брановите и силните ветрови искршија неколку чамци. Плимниот бран го потопи првиот ред на куќи во Сукошан. Во Опатија е уништено популарното шеталиште Лунгомаре.

Првиот бран на вода кој од Словенија стигна до копното не предизвика некои поголеми проблеми. Но, тој сè уште не може да здивне. ДХМЗ издаде предупредување за недела. За крајбрежјето е објавено портокалово предупредување, односно опасно време, а на копното е на сила жолто метео.

„Во следните 24 часа се очекува дополнително опаѓање на водостојот на реката Сава, речиси за два метра. За жал, новата врнежлива епизода која доаѓа денеска и утре ќе ги зафати сливовите Сава и Купа во Словенија, па ќе има биде ново издигнување на реката Сава во текот на недела до понеделник“, објаснува за ТВ Дневник Нова Томислав Новосел од Главниот центар за одбрана од поплави.

Страшна бура ја погоди и Западна Европа, каде оваа недела однесе 14 животи. Централниот италијански регион Тоскана има најмногу жртви. Рекордните врнежи предизвикаа големи поплави.

Бурата Сиаран во текот на ноќта ги зароби жителите во нивните домови, ги поплави болниците и преврте автомобили. Стотици илјади луѓе во Франција се уште се без струја. Вечерва и во текот на ноќта се очекува влошување на времето, па се врши превентивна евакуација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy