
Страшен пожар во Чиле, 14 лица загинаа, меѓу кои и осум деца
Чилеанските власти ги истражуваат причините за пожарот во населбата со мигранти во јужниот град Коронел, во кој загинаа 14 венецуелски државјани, јавува Би-би-си.
Меѓу загинатите има и осум деца, објави заменик-градоначалникот Хавиер Валенсија.
Тој додаде дека причината за пожарот не е позната, но дека се истражува дали се прегреал парното.
Три семејства живееле во две куќи уништени во пожарот, јави Би-Би-Си.
Валенсија го критикуваше неодамнешното зголемување на нелегалната изградба на станови на локации често погодени од шумски пожари.
Коронел, кој се наоѓа во близина на Консепсион, најголемиот град на југот на Чиле, е област силно погодена од вакви пожари, поради високите температури на летото на јужната хемисфера.
Десетици илјади Венецуелци кои бегаат од сиромаштијата и насилството во својата земја ги ризикуваат своите животи за да патуваат во Чиле, една од најбогатите земји во Јужна Америка.