Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна увозот на работници – во земјава работат стотина Индијци
Македонија

Почна увозот на работници – во земјава работат стотина Индијци

07/11/2023

AA

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со крајот на октомври во земјава им се издадени дозволи за вработување на 4.525 странци. Најголем дел од нив е од Турција. Во Македонија работат над 2.000 лица од таа земја. Следуваат Косово и Србија со над 300 работници, па Албанија и Индија, пишува Блумберг Адриа.

Во земјава странските работници, во согласност со евиденцијата на Агенцијата, најчесто работат како градежни работници, столари, електричари, армирачи, но има и менаџери. Работодавците велат дека ангажирањето работна сила од далечните азиски земји е прашање за преживување. Нема иднина за компаниите ако нема работници, а тука не можат да ги најдат.

Непалци, Индијци, Филипинци, лица од Бангладеш, Шри Ланка… работниците мигранти од Азија ги спасуваат земјите од регионот од хроничен недостиг од работна сила. Во желбата за подобар живот многумина се соочуваат со голем број проблеми. Има и многу лажни огласи и ветувања. Колку плаќаат додека да дојдат на работа во нашиот регион? Износите почнуваат од илјадници евра. Што се случува на пазарот на странски работници?

Дваесет и едногодишната Непалка Аниша живее во Панчево, гратче во Војводина во близината на Белград, и лежерно разговараме со неа во градината на ресторанот во кој работи. „Сакав да заминам од Непал поради пари. Така му објаснив на моето семејство, кое ме разбра“, вели таа.

Заклучно со септември, во Македонија имало 105.357 невработени што активно бараат работа. Тоа е последен податок од Агенцијата за вработување. Во согласност со последните податоци на Државниот завод за статистика што се однесуваат на првата половина од годината пак, 689.714 лица во земјава се вработени. Стапката на невработеноста е историски најниска од независноста и изнесува 13,1 отсто заклучно со вториот квартал од годинава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Инспекторатот за употреба на јазиците објави дека директорот се сретнал

05/09/2026
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид, осомничен за врбување за проституција

05/09/2026
Македонија

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

05/09/2026
Македонија

За една година бројот на вработени пораснал за повеќе од

05/09/2026
Македонија

Превозниците најавуваат нови протести: Се заканува блокада на границите со

05/09/2026
Македонија

Американскиот синџир TGI Fridays доаѓа во Македонија

05/09/2026
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45471
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Инспекторатот за употреба на јазиците објави дека директорот се сретнал на кафе со заменик-министерот за

05/09/2026

На официјалната страница на Инспекторатот за употреба на јазиците објавена е информација за средба на кафе со меѓу директорот на

Турски државјанин приведен во Охрид, осомничен за врбување за проституција

05/09/2026

Дваесет и четиригодишен државјанин на Република Турција е приведен во Охрид поради сомнение дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

05/09/2026

Четириесет и четиригодишен скопјанец е приведен во автокамп на брегот на Охридското Езеро, откако полицијата при претрес во камп-приколка пронашла

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy