Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен
Економија

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

02/05/2024

AA

На крајот на минатата година вкупно 468 изнесува бројот на домаќинства кои како производители-потрошувачли со своите инсталирани фотопанели и двонасочни броила ја искористиле можноста да го продаваат вишокот на произведената електрична енергија од своите покриви, главно на универзалниот снабдувач – во случајов ЕВН Хоме.

Оваа бројка за прв пат ја објавува Регулаторната комисија за енергетика, откако во текот на 2022 со измени на правилникот се овозможи секое домаќинство да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија. Потоа кон крајот на истата година со измените на Законот за градење се дозволи граѓаните да имаат свои фотонапонски панели до 6 киловати, а компаниите до 40 киловати. Доминантен купувач главно е ЕВН како универзален снабдувач.

За експертите оваа бројка не е доволна по повеќе од една година измината од овие измени. Велат дека има голем број на домаќинства кои се приклучени без евиденција, затоа што доволно им е да призведуваат само за себе, односно со тоа да покријат дел од трошоците и да си ги намат сметките за потрошувачка на електрична енергија.Често се случувало да инвестираат во лиценцирана фирма која ќе им ги постави фотопанелите, но цената на струјата која ја продавале во мрежата била дури и до четири пати пониска од онаа по која ја купуваат струјата. Продадената струја потоа им се компензира, односно им се одбива од сметките. Објаснувањето за тоа што го добивале е дека со таа електрична енергија треба да се балансира и плус се губела во мрежата.

„Во 2023 година, бројот на потрошувачите – производители (по број на мерни места) изнесува 918, од кои 450 се правни лица, додека 468 спаѓаат во групата на домаќинства, и нивниот вкупен инсталиран капацитет изнесува 14 мегавати. Вкупно предадената електрична енергија од страна на потрошувачите – производители во дистрибутивниот систем изнесува 6,5 гигаватчасови“,информира Регулаторната комисија за енергетика во својот најнов извештај.

Станува збор за компании и домаќинства кои имаат услови на своите имоти, односно објекти да инсталираат фотопанели примарно заради заштеда и помали сметки. Нивното производство од 6,5 гигаватчасови е далеку помалку од 2.173 гигаватчасови произведени од регуларните „комерцијални“ фотоцентрали, хидроцентрали, ветерни паркови и биогасни централи. 

Од РКЕ додаваат дека овие потрошувачи-производители со двонасочни броила дури и влијаеле на воведување на фамозниот „приклучок“ како нова ставка во сметките за електрична енергија.

„Зголеменото инвестирање во обновливите извори на енергија влијаеше и на потрошувачката на електрична енергија, односно се забележа зголемен тренд за обезбедување на потребните количини од електрична енергија од сопствени извори, а намалување на преземената електрична енергија од електродистрибутивниот систем. Ваквото намалување ги зголеми трошоците по единица дистрибуирана електрична енергија. Со цел да се превенира целокупниот трошок за одржување на дистрибутивната мрежа да падне на товар на потрошувачите кои немаат инсталирано фотонапонски панели за задоволување на дел од своите потреби за сметка на оние кои имаат, се направи измена во Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија на потрошувачите приклучени на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, со што се воведе фиксен надоместок за пристап до мрежа за сите корисници приклучени на електродистрибутивниот систем. Исто така, со воведувањето на овој надоместок се обезбеди правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат електродистрибутивната мрежа, од другите кои тоа го прават повремено“, додава РКЕ.

Во 2022 нагло се зголеми интересот кај граѓаните за менување на броилата и поставување на фотоволтаични системи на покривите на нивните домови за производство на електрична енергија за сопствени потреби или за продажба, а се подигнуваа и голем број на кредити за оваа намена.

Експертите велат дека бројката на домаќинства и компании, кои се бават со друга дејност, но заради заштеда се производители-потрошувачи, не е мала во споредба со една година претходно – 2022, кога вкупно имало само нешто над 100 вакви инсталации.

– Во 2023 доста е зголемена бројката во однос на претходните години, но треба да се знае дека таа не е според очекувањата и поради објективни причини. На пример, ЕВН Хоме во источниот дел од земјата има проблеми да даде нови одобрувања зошто нема слободен капацитет и трафостаниците се максимално искористени. Сепак капацитетот од 14 мегавати достигнат во 2023 не е мал. Тоа е како две нови огромни комерцијални фотоцентрали, велат експертите кои ги контактиравме.


А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
Македонија

КОСКИТЕ НА САМУИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ

03/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ПОРАКИТЕ НА УРСУЛА ФОН ДЕР

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45962
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во Росоман

03/10/2026

Заклучно со 29. септември во Македонија се регистрирани вкупно 71 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје. Од

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ Партијата

03/10/2026

„ВЛЕН“ ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy