Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Столтенберг: Предложив пакет од три елементи, за приближување на Украина кон НАТО
Македонија

Столтенберг: Предложив пакет од три елементи, за приближување на Украина кон НАТО

11/07/2023

AA

Овој Самит е историски самит затоа што веќе направивме договор кој гарантира дека Шведска ќе стане полноправна членка на Алијансата. Ова утрово во Вилнус го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот од дводневниот самит. Тој најави дека на овој самит ќе бидат донесени важни одлуки.

„Јас предложив пакет од три елементи со попрактична поддршка, со повеќегодишна програма за обезбедување целосна интероперабилност меѓу украинските сили и силите на НАТО. Ова ќе ја приближи Украина до НАТО. За да ги зајакнеме нивните политички врски со формирањето на Советот на НАТО за Украина, утре ќе го имаме инаугуративниот состанок со претседателот Зеленски, а потоа ќе го отстраниме условот за Акционен план за членство. Ова ќе го претвори процесот за членство на Украина од процес во два чекора во процес во еден чекор. Значи, сето ова ќе испрати позитивна и силна порака“, рече Столтенберг.

Изрази надеж дека сојузниците ќе се согласат за поамбициозно ветување за инвестиции во одбраната, каде што 2% од БДП за одбраната ќе бидат минимум.

„И на крај, со нетрпение очекувам да им посакам добредојде на нашите индо-пацифички партнери на овој самит. Ова ќе покаже дека безбедноста не е регионална безбедност е глобална, и затоа ги поздравувам партнерите од Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија“, заклучи Столтенберг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy