Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Согласно доказите, можно е кривични пријави да има за сите сторители што придонесоа градот да се дави во смет
Македонија

Спасовски: Согласно доказите, можно е кривични пријави да има за сите сторители што придонесоа градот да се дави во смет

11/07/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека е поднесена една кривична пријава за насилство во случајот со блокада на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

-Поради тоа што завчера вечерта, откако тргнаа со работа работниците на „Комунална хигиена“, неколку од нив беа нападнати од едно лице коешто исто така било вработено во „Комунална хигиена“ и тоа доби кривична пријава за насилство и веќе е процесуирана до Јавното обвинителство, рече Спасовски при посетата на Центарот за обука Идризово.

Во врска со попречената работа во Комунална хигиена, очекува денеска да биде доставен записникот од Инспекторатот за заштита на животната средина, комуналниот инспекторат и инспекторите од Градот Скопје за да се видат нивните наоди. Посочи и дека МВР е во постојана координација со обвинителот.

-Доколку се утврдат елементи на кривично дело за сите сторители коишто придонесоа главниот град да се дави во смет, можно е да бидат поднесени кривични пријави согласно со доказите коишто ќе бидат прибрани, рече Спасовски.

На прашањето колку кривични пријави се поднесени до МВР за вработени во Комунална хигиена кои земале плата, а не доаѓале на работа, и дали пријава ќе има и за директорката Косана Мазнева доколку тоа го толерирала во изминатиот период, одговори дека кривичните пријави се доставуваат до ЈО и ако има доставено копија и до МВР и по нив ќе се постапува бидејќи и тука, рече, треба да се приберат сите тие докази.

-Меѓутоа, ако имало недоследности во работењето, ако имало давање плати на лица коишто биле со договор вработени, а не доаѓале на работа и биле злоупотребени буџетски средства, секој еден за оваа работа ќе сноси одговорност. Значи, тука нема да имаме отстапка и нема да има никогаш за ниту една ситуација отстапка, а мислам дека ова треба да биде санкционирано за, конечно, да се стави крај на политикантство и на игри коишто се случуваат на грбот на граѓаните, а овде е на грбот на здравјето на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи.

Додаде дека ниту Скопје, ниту граѓаните на Скопје, не го заслужиле тоа што се случувало во изминатите денови односно, како што рече, „хуманитарна еколошка катастрофа која што го загрозува здравјето и животот на граѓаните“, без оглед која е причината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46398
  • Регион 3998
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи што брзале

27/10/2026

За само шест часа, во акциска контрола на територијата на целата држава, полицијата регистрирала 825 прекршоци за пречекорување на дозволената

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ Променливо облачно време со сончеви

27/10/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец нè очекува утре. Најсилни налети на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy