
Столтенберг од Скопје го поздрави договорот за примирје меѓу Хамас и Израел
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер пред почетокот на Самитот во Скопје го поздрави постигнатото примирје на Блискиот Исток.
„Имаме нова војна на Блискиот Исток. Го поздравувам договорот меѓу Хамас и Израел. Тоа треба да доведе до ослободување на заложниците и паузирање на агресијата со цел да се овозможи доставување на хуманитарната помош“, изјави утрово Јенс Столтенберг.
На денешниот самит во Скопје ќе се разговара за безбедноста на земјите од Западен Балкан и руското влијание.
„Со нетрпение очекувам да се сретнам со сите други лидери и ви благодарам вам многу за вашата силна посветеност кон нашиот сојуз“, додаде Столтнберг пред почетокот на Самитот во Скопје.
