Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОДЕКА Е ВО ХАОС, „Еуроникел“ влече струја преку МЕПСО
Економија

ДОДЕКА Е ВО ХАОС, „Еуроникел“ влече струја преку МЕПСО

22/11/2023

AA

Гигантот за тoпење никелова руда Еуроникел Индустрис во моментов троши струја преку операторот на електропреносниот систем МЕПСО и прави дебаланси во мрежата, со неизвесност кој на крај ќе ја плати фактурата.  Поранешен ФЕНИ во моментов ја држи печката вклучена, иако практично е без раководство и немање интерес од инвеститорот, а од друга страна е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во земјата.

Операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО информира дека ќе го суспендира Еуроникел од 1 декември како директен потрошувач на електрична енергија на големо, затоа што од 17 ноември е со раскинат договор за купопродажба на електрична енергија од приватниот снабдувач ЕДС.

Од МЕПСО потврдуваат дека Еуроникел во овој период е оставен да прави отстапувања со повлекување на електрична енергија од мрежата, нешто што на крај може да се покаже многу скапо во вакви вонреди околности, а неизвесно е кој на крај ќе ја плати фактурата за тоа, ако се знае дека сопственикот на најголемата компанија од вардарскиот регион повеќе нема интерес за нејзиното работење.

– Комбинатот Еуроникел од Кавадарци, како самостоен учесник на пазарот на електрична енергија на големо,  откако му е раскинат билатералниот купопродажен договор, повлекува електрична енергија од системот на АД МЕПСО во количини од 5 MW на час, ни потврдија од МЕПСО.

Еуроникел е најголем директен потрошувач на електрична енергија на големо во Македонија. Според проекциите за 2022, Еуроникел требало да потроши 613 гигаватчасови електрична енергија за цела мината година. За споредба, на второ и трето место се „Бучим“ и „Цементарница УСЈЕ“ со 115, односно 110 гигаватчасови.

Иако состојбата во која се најде Еуроникел не влева оптимизам, директорот на МЕМО, Симон Шутиноски, вели дека ќе се даде рок за склучување билатерален купопродажен договор со приватен трговец, пред да биде суспендиран потрошувачот од пазарот на електрична енергија на големо.


– Бидејќи Еуроникел Индустри не е снабдуван учесник на пазарот на електрична енергија на мало, туку е учесник на пазарот на електрична енергија на големо, истиот не се снабдува со електрична енергија од МЕПСО туку е во дебаланс или ја користи балансната енергија на АД МЕПСО Скопје за која ќе треба да му плати на преносниот систем оператор АД МЕПСО за своето отстапување – направениот дебаланс за што има склучено Договор за балансна одговорност со АД МЕПСО и доставено финансиско обезбедување. После евентуалното негово суспендирање од пазарот на електрична енергија на големо тој станува учесник на пазарот на електрична енергија на мало за кого важат Правилата за снабдување со електрична енергија, вели Шутиноски.

Минатата година „ФЕНИ“ ја завршил со вкупни обврски од 87 милиони евра. Со оглед на тоа дека бизнис климата за работа не била подобра, и годинава постои веројатност дека „ФЕНИ“ ги зголемил своите обврски. Изминатиот период загриженост за тамошната состојба искажуваа единствено претставници од синдикатот, кој стравува дека друштвото ќе влезе во уште полоша ситуација доколку ја исклучи печката.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy